„Зошто детето да го добие презимето на таткото, а не на мајката?“ – Жена поттикна жестока дебата на Твитер

Со објава на Твитер во која им порачува на жените да им го дадат своето моминско, а не татковото презиме на децата, жена од Лондон предизвика жестока дебата. Кој е вашиот став за презимето на детето - дали мора да го наследи татковото или во ред е да го носи и моминското на мајка му?

zheni-zoshto-im-go-davate-tatkovoto-prezime-na-decata-a-ne-vasheto-britanka-predizvika-zhestoka-debata-na-tviter-01.jpg

Ширум светот, норма е детето да го добие презимето на неговиот татко. Според колумна на магазинот Time, оваа традиција ја следат над 95% од хетеросексуалните партнери.

Генерално, родителите одлучуваат чие презиме ќе го носи детето и во повеќето случаи тие се одлучуваат за татковото.

Оваа практика е стара со векови и обично родителите без двоумење го користат презимето на таткото за детето.

zheni-zoshto-im-go-davate-tatkovoto-prezime-na-decata-a-ne-vasheto-britanka-predizvika-zhestoka-debata-na-tviter-7.jpg

Кога ќе се земе предвид дека и повеќето жени го менуваат презимето откако ќе стапат со брак, звучи логично и детето да го носи истото презиме.

Сепак, Британка разгоре жестока дебата на Твитер кога го сподели нејзиното мислење за оваа традиција.

33-годишната Шарлот Праудман е правник од Лондон чиј твит за презимињата на децата стана вирален.

zheni-zoshto-im-go-davate-tatkovoto-prezime-na-decata-a-ne-vasheto-britanka-predizvika-zhestoka-debata-na-tviter-03.jpg

„Порака до бремените жени – ве молам дајте му го на бебето вашето презиме. Вие сте го носеле бебето девет месеци, сте го родиле и ќе бидете одговорни за тоа дете целиот ваш живот.

Кога го регистрирате бебето, запрашајте се – зошто презимето на таткото е поважно од вашето?“

Во период од една недела, твитот го виделе над 5 милиони корисници и има над 34.000 допаѓања.

Но, мислењето на твитерџиите е поделено.

Некои се согласуваат со ставот на Шарлот и сметаат дека никој не треба да следи традиции ако не сака:

„Јас го направив токму ова“.

„Јас ги имам презимињата на двајцата родители и никогаш не сум ни помислила за ова“.

„Посакувам мајка ми да ми го дала нејзиното презиме. Го мразам сегашното и неговата поврзаност со татко ми“.

„Зависи од луѓето, секоја ситуација е различна. Мислам дека со твитот сака да каже дека ако сте сингл мајка, не треба да се чувствувате обврзани да му го дадете презимето на таткото само затоа што ’отсекогаш било така‘.

Во здрава врска со двајца родители, лесно е да се разговара за презимето на бебето, ако на двајцата им е важно тоа“.

zheni-zoshto-im-go-davate-tatkovoto-prezime-na-decata-a-ne-vasheto-britanka-predizvika-zhestoka-debata-na-tviter-05.jpg

Сепак, некои корисници, вклучувајќи и жени, ја критикуваат:

„Презимето на мајката не е всушност нејзино, туку е на нејзиниот татко. Презимето на таткото си е негово. Сите го наследуваат презимето на татковците“.

„Мажи, ако партнерката му го даде презимето на нејзиниот татко на вашето бебе, тоа бебе автоматски станува негова одговорност. Не трошете ни денар за дете кое го носи вашето презиме“.

„Му покажуваш непочитување на сопругот ако не му го дадеш неговото презиме на детето“.

„Целта е да направите таткото да се чувствува одговорен за детето“.

zheni-zoshto-im-go-davate-tatkovoto-prezime-na-decata-a-ne-vasheto-britanka-predizvika-zhestoka-debata-na-tviter-02.jpg

По бурата реакции, Шарлот сподели уше неколку твитови на темата:

„Тоа што мислите дека жените не ги поседуваат нивните презимиња, дека ги позајмуваат од нивните татковци додека да стапат во брак, покажува дека многу мажи сè уште ги гледаат жените како сопственост на нивните машки роднини, а не автономни луѓе“.

„Порака до сите жени – треба да престанеме да кажуваме ’моминско презиме‘. Мажите немаат 'ергенско презиме‘. Тоа е нашето презиме – не на нашите татковци или дедовци“.

Што мислите за ставот на Шарлот - дали детето без исклучок треба да го носи презимето на таткото или родителите треба однапред да се договорат?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава