Пушењето за време на бременоста го зголемува ризикот од дебелина кај дечињата

Дали знаевте дека пушењето за време на бременоста може да ја зголеми веројатноста дека вашето дете ќе биде дебело? Ова се наодите од една студија објавена неодамна во Експерименталната физиологија.

Pushenjeto-za-vreme-na-bremenosta-go-zgolemuva-rizikot-od-debelina-kaj-decinjata-01.jpg

Истражувањето ги испитало потенцијалните причини за овој феномен, користејќи ткиво, кое нормално се отфрла по раѓањето.

Стапката на дебелина во детството е во огромен пораст. Покрај исхраната, вежбањето и генетиката една од причините кои придонесуваат за оваа појава е токму пушењето за време на бременоста.

Бебињата родени од мајки кои пушат цигари за време на бременоста се изложени на зголемен ризик од предвремено раѓање и ниска родилна тежина. Сепак, поновите истражувања докажуваат дека бебето е изложени на ризик од здебелување, доколку мајката пуши во текот на носењето на бебето.

Како се докажало ова?

Chemerin е протеинот кој се произведува од масни клетки и се покажало дека е присутен со повисоко ниво во крвта кај луѓето со зголемена телесна тежина.

Истражувачкиот тим испитувал парчиња од ткиво, односно кожа која се отфрла по раѓањето, како во случајот на обрежување кај машките дечиња.

Резултатите покажале дека протеинот chemerin преовладувал во многу поголема количина во ткивото кај бебињата чии мајки пушете цигари во текот на бременоста, за разлика од оние кои не пушеле.

Нема потреба да се напоменува дека пушењето цигари во текот на бременоста е исклучително лоша идеја поради толку многу фактори, нели?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...
„Зошто детето да го добие презимето на таткото, а не на мајката?“ – Жена поттикна жестока дебата на ... Со објава на Твитер во која им порачува на бремените жени да им го дадат своето ...
Предмети во детската соба кои можат да бидат опасни за бебиња и многу мали деца Перница во бебешкото креветче и играчки со магнети – некои предмети можат да пре...
Колку вода треба да пиете додека доите за да спречите дехидрирање? Колку вода треба да пиеме додека доиме? Дали сме испиле премногу или премалку те...
7 работи во кои ќе се пронајдат сите модерни мајки Вашето дете има поубава облека од вас, а Pinterest ви е омилениот сајт за инспир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg