„Моето дете нема да биде непослушно“ и уште неколку срушени соништа на младите родители

Кога сте набљудувач на туѓите деца, многу е лесно во својата фантазија да одлучите каков родител ќе бидете и какво дете ќе воспитате. Но, реалноста, како и секогаш, не е нешто наклонета кон вашите планови.

moeto-dete-nema-da-bide-neposlushno-i-ushte-nekolku-srusheni-sonishta-na-mladite-roditeli-01.jpg

Всушност, секогаш му е полесно на оној кој гледа отстрана и не е директно инволвиран во процесот на воспитување на детето.

Кога и да видите дете кое вришти во продавница или е нервозно, вртите со главата и велите дека вашето никогаш нема да биде такво.

Но, имаме да ви кажеме нешто многу очигледно - можеби ќе биде и полошо од тоа.

Оние кои веќе се родители, сигурно се сеќаваат дека барем еднаш во животот кажале:

1. „Моето дете нема да биде непослушно“

Можеби и ќе ви успее додека да наполни две или три години, но од тој момент ќе стане навистина неподносливо и ќе ви додева и вам, а можеби и на други луѓе. И да, тоа ќе се случува токму во моменти кога ви треба мир.

moeto-dete-nema-da-bide-neposlushno-i-ushte-nekolku-srusheni-sonishta-na-mladite-roditeli-03.jpg

2. „Нема да му давам сè што ќе побара“

Сте верувале дека никогаш нема да го поткупувате детето со чоколадо или дека ќе го смирувате со цртан филм пуштен од вашиот мобилен телефон. Не можете сè да забраните и некогаш мора и вие да го дадете она што детето ќе ви го побара.

3. „Нема да имаме волку многу играчки“

Сигурно пред да се роди вашето дете не ја замислувавте дневната соба преполна со играчки доволни за да опремат една игротека. Но, веќе ви е јасно дека секогаш ќе згазнете врз некоја коцка дури и кога мислите дека сите играчки се собрани во кутијата.

moeto-dete-nema-da-bide-neposlushno-i-ushte-nekolku-srusheni-sonishta-na-mladite-roditeli-02.jpg

4. „Телевизорот нема да ми биде дадилка“

Се обидувавте да држите до ова верување, но тогаш сфативте дека ако му дозволите на детето да гледа телевизија 30 минути, тогаш вие имате време да здивнете, па можеби и да се истуширате без брзање. А и сигурно ќе бидете попродуктивни и ќе завршите повеќе работа за тие 30 минути отколку детето цело време да се влечка по вас и да ви е закачено за нога.

5. „Моето дете нема да јаде слатки и чипсови“

Ова не е само заблуда, туку е и голема лага. Вашето дете кога-тогаш ќе проба ваква храна, па дури и откако ќе успеете 18 години да го држите на органска храна без преработен шеќер. Но, вистината е дека ќе попуштите многу порано.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg