Кога мајката ќе каже дека е уморна од сè, не значи дека не си ги сака децата…

koga-majkata-kje-kazhe-deka-e-umorna-ne-znachi-deka-ne-si-gi-saka-decata-01.jpg

Кога мајката ќе каже дека е уморна, тоа е сè што мисли.

Таа не кажува дека сака да ги однесе некаде децата и да заборави дека постојат.

Кога мајката вели дека сака да мине време сама, тоа е сè што мисли.

Не вели дека ѝ е жал што е мајка и дека мајчинството ѝ било грешка во животот.

Кога мајката кажува дека ѝ е потребна помош, тоа е сè што мисли.

Не кажува дека е неспособна.

Кога мајката прави тестенини за вечера, не значи дека секој ден од седмицата прави тестенини и на нејзините деца никогаш не им приготвува месо и зеленчук.

Кога ќе пристигнете во домот на мајката и ќе се соочите со хаос, тоа не значи дека секој ден домот ѝ е несреден.

Кога мајката кажува дека сака да излезе со пријателите, тоа е сè што мисли.

Не кажува дека пак сака да биде сингл и да нема деца и обврски.

Кога мајката кажува дека е загрижена и исплашена, тоа е сè што мисли.

Таа не кажува дека е кукавица и сака да се повлече од сè.

koga-majkata-kje-kazhe-deka-e-umorna-ne-znachi-deka-ne-si-gi-saka-decata-02.jpg

Кога ја слушате мајката како вреска, тоа не значи дека веднаш вреска, туку дека најверојатно кажала 300 пати со нормален тон, но никој не ѝ обрнал внимание.

Кога ќе видите нервозна мајка, на работ од лудило, не значи дека таа секој ден е во таква ситуација.

Сè има позадина. Не вадете ги работите од контекст.

Не брзајте да осудите некого, дозволете и да дише на жената која секој ден постојано се откажува од сопствениот живот и го посветува животот на друго човечко суштество, за кој знае дека е поважен од нејзиниот.

Во светот не постои суштество кое е подготвено да дава толку многу како мајката.

И таа заслужува разбирање, а не осуди.

Извор

Би можело да ве интересира:

Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg