Ако се прашувате какви мајки зјапаат во телефон додека децата си играат, јас ќе ви објаснам

ako-se-prashuvate-kakvi-majki-zjapaat-vo-telefon-dodeka-decata-si-igraat-jas-kje-vi-objasnam-01.jpg

Да се претставам – јас сум мајката која зјапа во телефонот додека нејзините деца си играат во паркот.

Не постојано, но ете му се случува да седнам на клупа и да одговорам на некои пораки или на мејл, кои ме чекаат од вчера. Некогаш гледам што има ново и на Фејсбук. Сето тоа додека моите деца, едното 2 години, другото 4, си играат без јас да сум им зад петите.

Само следниот пат кога ќе ме видите како седам и гледам во телефонот или си разговарам со друга мајка, помислете на овие неколку работи.

Јас сум мајка која исто така е со своите деца по цел ден. И мајка која се труди секојдневно да јадат домашно приготвени јадења и свеж зеленчук, да имаат овошје за ужина и да јадат само малку или воопшто штетни слатки работи.

Јас сум исто така мајка која секој ден во паркот минува од 2 до 4 часа затоа што знам колку е важно децата да бидат надвор.

Јас сум исто така мајка која ниту еднаш не дозволила да мине денот без прочитана книга или сликовница.

Јас сум исто така мајка кога последен пат преспала ноќ пред повеќе од 4 години.

Но, јас сум и мајка која многу пати изгубила трпение, подвикнала дури и тогаш кога детето со своето однесување само го бара моето внимание. Мајка која им пуштила епизода од серијата која не треба да ја гледаат во миговите кога станале неподносливи. Или кога едноставно само сакам да испијам кафе на мир.

И да, јас сум мајка која понекогаш во паркот го вади телефонот, додека тие трчаат наоколу, а јас ги гледам со крајот од окото.

И знаете што? Без лажна скромност, моите дечиња се меѓу најспретните во паркот.

Самостојно лулање? Го совладаа од 22 месеци двајцата. Возење со тротинет? Со подигнување на ногата во воздух уште од 2 години. Качување сами до врвот од тобоганот? Од 2 години без проблем, само со мали прекини на работата на моето срце, но се трудев да го прикријам мојот страв затоа што не сакам да ги спречува во ништо во животот.

И сето тоа затоа што не им бев зад пети со реченицата од која веќе ме боли глава: „Ти си уште мал за тоа“.

Не е точно дека не ги гледам кога не сум на половина метро од нив, само сакам они во тоа да веруваат.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Одам на работа, се грижам за децата, чистам, а сопругот не прави ништо – решив да се разведам“ „Работам со полно работно време и јас правам сè. Јас готвам, јас го чистам тоале...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg