Ги воспитувам моите синови да ги сакаат своите жени на начинот на кој ме сакаат мене

gi-vospituvam-moite-sinovi-da-gi-sakaat-svoite-zheni-na-nachinot-na-koj-me-sakaat-mene-01.jpg

Исповедта на една мајка ќе ве трогне:

„Имам 2 сина и ги воспитувам да ги сакаат и почитуваат своите жени на начинот на кој ме сакаат мене.

Знам дека нема секогаш да бидат слатки, мали момчиња. Времето минува брзо и ќе бидат возрасни, созреани мажи пред да трепнам со око.

Знам дека еден ден ќе ме напуштат поради жените кои ќе им ги украдат срцата. Тоа ќе бидат жени кои нема да имаат спомени од нив кога биле деца, кои не ги гледале како растат и кои нема да знаат низ што сè минале.

Тие нема да знаат дека дадов сè од себе за да им помогнам на моите момчиња да израснат во здрави, одговорни, добри и чесни мажи.

Знам дека еден ден мои синови ќе го напуштат домот и тоа е во ред.

Но, сакам да знаат дека нивната мајка секогаш ќе биде тука за нив и да разберат дека нивната мајка нема секогаш да биде единствената жена во нивниот живот. И тоа е во ред.

Како мајка должност ми е да им дадам живот полн со безусловна љубов и поддршка и пријатни спомени.

Должност ми е да им помогнам во поставувањето на цели, да веруваат во себе, да ги спречам да прават грешки и да ги советувам околу важните одлуки.

Но, не е моја должност да им кажам кого да сакаат.

И кога ќе ја изберат жената на нивниот живот сакам да се грижат за неа и да ја сакаат со целото срце и безусловно.

Сакам да знаат дека е во ред да ја направат неа центар на својот свет. Во ред е да бидат секогаш тука за неа и да ја направат своја една и единствена.

Не сакам да чувствуваат дека треба да бираат помеѓу мајката и жената. Сакам да знаат дека никогаш нема да чувствувам дека ми должат нешто или дека сакање на нивните жени значи дека не ме сакаат повеќе.

Должност ми е моите синови да го знаат вистинското значење на бракот и брачните завети.

Должност ми е да ја научат најважната лекција од сите – како да сакаат.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg