Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра

Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Јин, кој во 1988 година бил киднапиран и продаден. На денот кога конечно се сретнале, мајката била нервозна и се прашувала какви чувства ќе има нејзиниот син за неа, дали ќе ги прифати нејзината љубов и нејзината прегратка...

majka-od-kina-go-pronashla-kidnapiraniot-sin-po-32-godini-bil-prodaden-na-par-bez-deca-za-760-evra-01.jpg

Ли Џингзи поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Јин, кој во 1988 година бил киднапиран и продаден. Таа речиси се откажала од надежта дека повторно ќе го види, но во мај 2020 година го добила повикот што го чекала.

За време на викендите, Џингзи и нејзиниот сопруг го носеле нивното дете Мао Јин во зоолошка градина или во еден од многуте паркови во нивниот град, Ксиан, главниот град на провинцијата Шанкси во централна Кина.

Но, едно од овие излегувања засекогаш ѝ го променило животот.

Мао Јин било нејзиното единствено дете. Политиката на Кина за едно дете била во полн ек, така што не можела да има повеќе. Сакала тој да учи напорно и да биде успешен, па му го дала прекарот Џиа Џиа, што значи „одличен“.

„Џиа Џиа беше многу добро воспитано, паметно, послушно и чувствително дете. Не сакаше да плаче. Беше многу жив и симпатичен. Беше такво дете што го засакуваше секој што ќе го видеше“, вели Џингзи.

potraga-so-srekjen-kraj-po-32-godini-majka-go-pronashla-kidnapiraniot-sin-02.jpg

Џингзи работела во компанија за извоз на жито и за време на жетвата го напуштала градот на неколку дена, за да ги посети добавувачите од селата. Синчето Џиа останувало дома со неговиот татко.

На едно такво патување, таа добила порака од работодавците, кои ѝ рекле итно да се врати дома.

„Во тоа време телекомуникациите не беа многу напредни“, вели таа. „Значи сè што добив беше телеграма со шест зборови: ’Итна помош дома, врати се брзо‘. Не знаев што се случило“.

potraga-so-srekjen-kraj-po-32-godini-majka-go-pronashla-kidnapiraniot-sin-12.jpg

Таа набрзина се вратила во Ксиан, каде што менаџерот ѝ соопштил катастрофални вести.

„Менаџерот ми кажа една реченица ’Твојот син исчезна‘. Мислев дека можеби се изгубил. Не ми падна на памет дека нема да можам да го најдам“.

Ова се случило во октомври 1988 година, а Џиа Џиа имал две години и осум месеци.

potraga-so-srekjen-kraj-po-32-godini-majka-go-pronashla-kidnapiraniot-sin-003.jpg

Сопругот на Џингзи објаснил дека го зел Џиа Џиа од градинка и на пат кон дома застанал да му купи вода. Го оставил детето само, една-две минути, а кога се свртел, Џиа Џиа го немало. Џингзи претпоставувала дека брзо ќе биде пронајден.

„Мислев дека можеби мојот син е изгубен, дека не може да го најде патот кон дома и дека некои љубезни луѓе ќе ми го вратат назад“, вели таа.

Но, кога поминала една недела и никој не го однел детето во полиција, знаела дека ситуацијата е сериозна.

Испечатила 100.000 летоци со негова слика, па ги поделила околу железничките и автобуските станици, а објавила и огласи во локалните весници. Сето тоа било без успех.

potraga-so-srekjen-kraj-po-32-godini-majka-go-pronashla-kidnapiraniot-sin-04.jpg

Таа плачела кога ќе ја видела облеката на нејзиниот син, неговите мали чевлички и играчките со кои тој си играл. Во тоа време, Џингзи не знаела дека трговијата со деца е проблем во Кина.

Политиката за едно дете била воведена во 1979 година, со цел да се контролира брзорастечкото население во Кина и да се намали сиромаштијата.

Паровите кои живееле во градовите можеле да имаат само едно дете, додека оние во руралните области можеле да имаат второ, ако првото е девојче. Се верува дека политиката придонела за зголемување на бројот на киднапирање на деца, особено на момчиња. Но, Џингзи не била запознаена со ова.

„Понекогаш на телевизија имаше вести за исчезнати деца, но никогаш не помислив дека се киднапирани и продадени. Мислев само дека се изгубиле“, вели таа.

potraga-so-srekjen-kraj-po-32-godini-majka-go-pronashla-kidnapiraniot-sin-11.jpg

Најпрво, откако дознала за исчезнувањето на синот, сакала да го обвини нејзиниот сопруг. Потоа сфатила дека треба заедно да соработуваат и да го најдат. Но, како што минувало времето, тие ретко зборувале за нешто друго освен за тоа, а по четири години неуспешна потрага, се развеле.

Меѓутоа, Џингзи никогаш не престанала да бара. Секој петок, по завршување со работа, одела со воз до околните провинции за да го бара Џиа Џиа, враќајќи се дома во недела навечер, подготвена да се врати на работа во понеделник наутро.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg