Можат ли компјутерските игри да ги заменат детските?

Во согласност со ерата во која живееме, луѓето постојано брзаат, што придонесува за недостатокот на внимание, па родителите често немаат време да им се посветат на своите деца. 

Mozat li kompjuterskite igri da gi zamenat detskite igri 01

Сигурно сте виделе безброј пати како едниот родител на своето дете му дава мобилен телефон кога не е во состојба да го занимава или смири.

Поради оваа причина психолозите одлучија да спроведат истражување за влијанието на новата технологија врз вештините и способностите на децата. Резултатите покажаа дека има сè повеќе деца со нарушен когнитивен развој, депресија и апатија.

Деца до 2-годишна возраст не треба да бидат изложени на технологија, деца на возраст од 3-5 години треба да имаат ограничен пристап до технологијата, еден час на ден, деца и адолесценти на возраст од 6 до 18 години не треба да поминуваат подолго од два часа дневно пред мобилниот телефон или пред компјутер.

Сепак, вистинскиот живот јасно ни кажува дека не е неопходно строго да се придржуваме кон овие рамки, па повеќето педијатри ги советуваат родителите да ја минимизираат употребата на новата технологија поради последици што можат да бидат многу опасни за развојот на детето.

Некои од нив се:

Дебелина

Во човечкото тело во најмладата возраст се создаваат масните клетки, кои можат да бидат исполнети или неисполнети со маснотии. Ова значи дека веќе во детството се создава тенденција кон дебелеење, на што родителите често забораваат.

Дебелината кај децата е, како и кај возрасните, зголемена поради недостаток на физичка активност и нездрава исхрана, придружено со прекумерна употреба на модерната технологија.

Mozat li kompjuterskite igri da gi zamenat detskite igri 02

Зрачење

Неспорно е дека преку производите на новите технологии апсорбираме огромно количество на зрачење. Ако земеме предвид дека детските одбранбени системи не го достигнуваат нивото на возрасните, јасно е дека тие се уште повеќе подложни на негативните последици на зрачењето.

Доцнењето во развојот

Генерациите од пред 20 години ги решавале задачите користејќи ја логиката стекната со играње (криенка, брканица, џамлии). Денешните деца не ги поседуваат овие вештини.

Старите детски игри влијаеле врз развојот на мускулите и зглобовите, како и размислувањето за решавање на проблемите меѓу групата, што денес не е случај.

Современата технологија не бара прекумерна физичка активност (само движење на прстите), а децата ги формираат научените слики во главата и не се обидуваат да ги решат.

Mozat li kompjuterskite igri da gi zamenat detskite igri 03

Педијатрите советуваат да ги проверувате игрите кои ги игра вашето дете, како и да ги контролирате ТВ програмите. Не е секоја содржина погодна за сите возрасти.

Иако играњето видеоигри може да биде едукативно, обидете се да му овозможите на вашето дете да врши и други активности со цел да се развива на различни начини.

Ограничете го времето на играњето на игрите и следете го влијанието на игрите врз детето. Доколку детето почне да се однесува агресивно забранете ги насилните видеоигри.

Mozat li kompjuterskite igri da gi zamenat detskite igri 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg