Зошто е важно дечињата да сакаат да читаат од рана возраст?

Книгите се нешто волшебно. Тие им овозможуваат на децата да откријат нови светови, да запознаваат нови работи и да учат за минатото, но исто така имаат и преобразувачка моќ.

5-fakti-koi-ukazhuvaat-na-vazhnosta-na-detskoto-chitanje 01 630x340.jpg

Со поттикнување на детската фантазија, стимулирање на критичкото размислување и помагање во развојот на емпатија, читањето на децата им ги дава самите вештини кои им се потребни за да успеат на училиште, на работа и секојдневно во понатамошниот живот.

Зошто е важна раната конекција на детето со книгата?

Научниците велат дека постои посебна, емотивна линија меѓу родителот и детето уште во раниот период, односно читајќи ги таканаречените „приспивни приказни“, односно бајките.

Впивајќи ги информациите, тие почнуваат да размислуваат и да доаѓаат до нови идеи. Тие го прошируваат нивниот универзум над времето и местото и ги инспирираат своите сопствени, оригинални мисли.

Затоа, не чудете се на навидум „нелогичните“ прашања на вашите деца, туку напротив обидете се на секое од нив разумно да одговорите.

Големиот Алберт Ајнштајн сметал дека бајките се важни затоа што ја стимулираат имагинацијата.

Тој дефинитивно верувал во користење на имагинацијата: „Имагинацијата е поважна од знаењето, бидејќи знаењето е ограничено, додека имагинацијата го опфаќа целиот свет, стимулира напредок, раѓа еволуција“.

5-fakti-koi-ukazhuvaat-na-vazhnosta-na-detskoto-chitanje 02 630x400.jpg

Еден од најпознатите цитати на Ајнштајн е: „Ако сакате вашите деца да бидат интелигентни, читајте им бајки. Ако сакате тие да бидат уште поинтелигентни, прочитајте им повеќе од нив “.

Откако вашето дете ќе тргне на училиште и ќе научи да пишува и чита, ваша задача е да го поттикнувате, сѐ дур само не ја почувствува вистинската конекција со книгата. 

Внимавајте да не бидете нападни, бидејќи голема е можноста резултатот да биде спротивен.

Исто така внимавајте на изборот на книги. Одберете ја книгата согласно со возраста, карактерот и интересите на вашето дете.

Научете ги децата дека зборовите се нивните пријатели, оставете ги самите да владеат со своите мисли и сфаќања.

Во продолжение ви наведуваме 5 факти за важноста на детското читање:

1. Проширување на вокабуларот 

Не постои никаков сомнеж дека читањето го проширува нашиот речник.

Дури и како возрасни, кога читаме, наидуваме на многу нови зборови за кои никогаш не сме слушнале.

Тогаш, замислете го влијанието врз малите, умни глави, особено со фактот колку нивната љубопитност со самата возраст расте и е сѐ поприсутна.

2. Правилен изговор на зборовите

Не е тајна дека повеќето деца се борат со изговарањето на зборови низ нивниот раст.

Како родители, обично не се грижиме за ова, размислувајќи дека нивниот изговор и флуентноста на зборовите ќе се подобрат со текот на времето.

За многумина тоа се случува, но за некои, промената не е видлива. Ако сакате да ја подобрите флуентноста и разбирањето на зборовите во умот на вашето дете, сторете го тоа во раната фаза.

Читајќи, детето несвесно се среќава со „проблематичните“ зборови и често ги повторува, така што не треба да ве зачуди неговото брзо и самостојно совладување.

5-fakti-koi-ukazhuvaat-na-vazhnosta-na-detskoto-chitanje 03 630x400.jpg

3. Подобро разбирање на работите

Децата кои се охрабрени да читаат на рана возраст имаат подобро разбирање за работите околу нив.

Тие развиваат способности за паметно размислување и се поприметливи, во врска со креативноста и идеите што им недостасуваат на другите деца на нивната возраст.

Како резултат, тие растат со предиспозиции да бидат многу поинтелигентни и свесни за околината, отколку децата кои не читаат.

4. Градење на самодоверба

Во свет во кој преовладува конкуренцијата низ секоја прошетка во животот, треба да целиме нашето дете да се изгради во личност со значителна доверба во себе.

Децата на кои им недостасува самодоверба во раните фази, честопати можат да се препознаат по својата повлеченост, срамежливост а понекогаш и анксиозност, бидејќи за себе изградуваат слика на жртва, поради недостаток на доверба во сопствената личност.

Тие сметаат дека е тешко да се соочат дури и со најмалите предизвици што животот ги фрла врз нив.

„Начитаните“ деца ретко се среќаваат со ваков тип на проблеми. Тие се одликуваат со раноизграден цврст став, желба за комуникација и споделување на мислења.

5. Подобрување на пишувачките вештини

Децата кои имаат навика често да читаат, исто така, имаат тенденција да развиваат подобри вештини за пишување.

Причината е во тоа што тие на некој начин се запознаени со светот каде што зборовите се нивно главно оружје и слободно можат да го искористат.

Пишувањето е одлична самостојна „терапија“ за ослободување на мислите, која на децата и те како им е потребна.

Покрај горенаведените кои ги издвоивме како најважни, без сомнеж постојат уште многу други поволности на детското читање како што се: релаксација, испуштање на стрес, запознавање на нови емоции,  забава и пред сѐ, одржување на детската имагинација.

5-fakti-koi-ukazhuvaat-na-vazhnosta-na-detskoto-chitanje 04 630x400.jpg

Една американска студија се обиде да ја испита суштинската хипотеза: дали читањето ги прави децата попаметни? Ако да, како?

И двајцата истражувачи веруваа дека најголемиот дел од вокабуларот на една личност расте како резултат на она што тој го чита, наместо да разговара или да го слушне.

Усниот јазик е клучен фактор во нашето разбирање и развој, но не е толку суштински или влијателен како што е читањето.

Тие додаваат, дека во детските книги има многу поретки зборови отколку на ТВ, во цртаните филмови, па дури и во секојдневниот разговор.

Според нив, во детската книга има три пати поголема појава на ретки зборови и реченици, отколку во разговор на возрасни.

Оттука доаѓаме до заклучок: па да, читањето го прави вашето дете попаметно!

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg