Што им е заедничко на родителите на успешните деца?

Добрите родители сакаат нивните деца да се држат понастрана од неволји, да бидат добри на училиште и да се претворат во одговорни возрасни личности.

shto-im-e-zaednichko-na-roditelite-na-uspeshnite-deca-01.jpg

Иако, за жал, не постои рецепт за одгледување успешни деца, психолозите откриле неколку фактори што можат да го предвидат нивниот успех.

Поголемиот дел од детскиот развој зависи од родителите, па погледнете што им е заедничко на родителите кои имаат успешни деца:

1. Ги тераат децата сами да ги завршуваат домашните обврски. Наместо постојано да средувате по вашето дете, научете го дека тоа е одговорно за неговиот неред и дека секогаш треба да помага во домаќинството.

2. Ги учат на социјални вештини. Уште од најрана возраст, социјалните вештини на детето можат да одредат дали тоа ќе биде успешно или ќе заврши на лош пат. Па, одвојте време и научете го детето како да разговара и да се однесува со другите.

3. Имаат високи очекувања. Истражувањата покажале дека родителите кои ги насочуваат нивните деца кон некоја цел, постигнуваат подобри резултати на училиште.

4. Градат здрава врска со децата. Децата од нефункционални семејства неретко имаат многу проблеми подоцна во животот. Поради тоа, обидете се да изградите здрава врска со нив, исполнета со љубов и разбирање.

naukata-otkriva-shto-im-e-zaednichko-na-roditelite-na-uspeshnite-deca-02.jpg

5. Најчесто имаат завршено високо образование. Едно истражување покажало дека децата на мајките кои завршиле факултет, имале поголема шанса да завршат и тие. Вашето дете ја следи и копира секоја ваша постапка, па поставете добар пример.

6. Порано почнуваат да ги учат математика. Психолозите тврдат дека раното развивање на математичките вештини може да биде од голема корист подоцна во животот. Со математиката се развива детската логика, па посветете повеќе внимание на овој предмет.

7. Тие се грижливи родители. Децата кои добиваат добра нега од родителите не само што покажуваат подобри резултати на училиште, туку имаат и поквалитетни врски подоцна во животот.

8. Изложени се на помалку стрес. Децата можат да го почувствуваат стресот на родителите, а ова има големо влијание врз нив. Доколку вие се чувствувате среќно и задоволно, исто ќе се чувствува и вашето дете.

naukata-otkriva-shto-im-e-zaednichko-na-roditelite-na-uspeshnite-deca-03.jpg

9. Го ценат трудот и не се обидуваат да го избегнат неуспехот. Важно е да го вреднувате секој труд на вашето дете, без разлика каков е резултатот. Ако детето покаже успех, дајте му знаење дека тоа е поради трудот што го вложило.

10. Најчесто мајките се вработени. Истражување од Харвард покажало дека децата имаат многу придобивки ако мајката работи надвор од дома. На овој начин не само што и децата се мотивирани да работат, туку почнуваат ѝ помагаат на мајката во домашните обврски и учат за одговорност.

11. Имаат подобар социоекономски статус. За жал, сиромаштијата може да го ограничи детскиот потенцијал. Според податоците, децата од семејства со поголем приходи покажуваат подобри резултати на училиште. Сепак, не мора да значи дека секогаш е така.

12. Тие се авторитативни. Успешните деца го почитуваат авторитетот на родителите, но не се чувствуваат „задушено“ од него. Наместо да им наредуваат, родителите се обидуваат рационално да ги насочат кон вистинскиот пат.

naukata-otkriva-shto-im-e-zaednichko-na-roditelite-na-uspeshnite-deca-04.jpg

13. Ги учат да бидат истрајни за долгорочните цели. На овој начин децата сфаќаат дека понекогаш е потребно време за посакуваниот резултат.

14. Им го контролираат однесувањето, но не користат психолошка контрола. Треба да го научите вашето дете што е правилно, а што погрешно. Но, доколку не му дозволувате да донесува свои одлуки, ја нарушувате неговата приватност, го правите зависно од вас и му предизвикувате чувство на вина, нема да постигнете добри резултати.

15. Ја разбираат важноста на здравата исхрана. Успешните луѓе знаат дека здравата исхрана може да ви помогне да бидете попродуктивни и да се чувствувате подобро. Уште од најрана возраст, тие се обидуваат да развијат здрави навики за јадење кај нивните деца.

16. Им даваат „едноставни“ имиња. Овој необичен резултат доаѓа од неколку истражувања кои покажале дека вашето име може да влијае врз вашиот успех. Се покажало дека децата кои имале почести и поедноставни имиња биле поуспешни.

naukata-otkriva-shto-im-e-zaednichko-na-roditelite-na-uspeshnite-deca-.jpg

17. Кога се соочени со конфликт, се обидуваат да го решат мирно. Едно истражување покажало дека кога децата ќе видат дека родителите мирно се справиле со некој конфликт, се чувствуваат навистина среќно. Па, внимавајте како се расправате со партнерот и како ги решавате недоразбирањата.

18. Им дозволуваат на децата да доживеат неуспех. Едно од најопасните нешта што го прават денешните родители е тоа што ги штитат децата од неуспех. Проблемот е што поради ова, детето нема да знае да се справи со неуспесите подоцна во животот. Најдобро е да му дозволите на детето одвреме-навреме да го почувствува и неуспехот.

19. Не им дозволуваат да гледаат многу телевизија. Истражувањата покажале дека децата кои гледале телевизија од многу рана возраст имале помалку развиени вештина за комуникација. Поради тоа, во поголемиот дел од времето терајте го детето да прави нешто креативно.

20. Им дозволуваат на децата да донесуваат одлуки. Ако не им дозволувате на децата да донесуваат одлуки, тие ќе станат зависни од вас. Научете ги самите да одберат што ќе носат, што сакаат да си играат, каде сакаат да одат…

naukata-otkriva-shto-im-e-zaednichko-na-roditelite-na-uspeshnite-deca-06.jpg

21. Ги учат на самоконтрола. Ако вашето дете има самоконтрола, сигурно ќе биде поздрава, побогата и побезбедна возрасна личност. Истражување кое траело 32 години покажало дека децата кои биле научени да ги контролираат своите импулси, станале поуспешни возрасни.

22. Им обрнуваат внимание на децата. Истражување покажало дека дури и децата од сиромашните семејства покажуваат многу подобар успех, доколку родителите им обрнуваат доволно внимание.

23. Родителите земаат породилно отсуство. Почетните месеци од животот на бебето се клучни за родителите да се поврзат со него. Ова, пак, има многу добри долгорочни ефекти. Децата чии мајки зеле породилно отсуство имале повисок IQ и заработувале повеќе.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg