Дали и зошто првородените деца созреваат многу побрзо од помладите браќа и сестри?

Децата кои имаат помлади браќа и сестри работат многу повеќе отколку нивните пријатели кои немаат. Тие имаат повеќе работа и повеќе одговорности, па дури и слободното време не е само нивно, бидејќи го споделуваат со помладите браќа или сестри. 

dali-i-zoshto-postarite-deca-sozrevaat-pobrzo-01.JPG

Првородените деца се оние кои го менуваат животот на родителите засекогаш. Најстарите деца обично се најодговорни и најсигурни.

Погледнете зошто постарите деца созреват многу побрзо:

Ги учат родителите на важни лекции

Секој со своето прво дете открива и ново значење во животот, но не е секогаш лесно - родителите треба да ги поминат сите предизвици во животот, а сега имаат и бебе. Тие прават грешки, но и учат во исто време.

dali-i-zoshto-postarite-deca-sozrevaat-pobrzo-02.JPG

Порано учат за одговорност

Кога ќе добијат помала сестра или брат, постарите деца немаат друг избор освен да пораснат и да ја преземат улогата на одговорна личност. Покрај тоа, тие сè повеќе ја слушаат фразата „Ти си сега голем(а).“

Попаметни се од нивните врсници

„Присилното“ брзо растење води до фактот дека најстарите деца веројатно ќе бидат повеќе социјално интелигентни, бидејќи се „заглавени“ некаде помеѓу светот на возрасните и децата.

Бидејќи родителите честопати ги гледаат како „возрасни“ и бараат нивна помош, тие предвреме се запознаваат со проблемите на возрасните и со текот на времето стануваат нивни „советници“.

Можеби постарите деца нема да имаат повисок коефициент на интелигенција, но искуството со помалиот брат или сестра дефинитивно ги прави помудри.

dali-i-zoshto-postarite-deca-sozrevaat-pobrzo-03.JPG

Работат повеќе отколку што треба

Децата кои имаат помлади браќа и сестри работат многу повеќе отколку децата кои немаат. Од раѓањето на братот или сестрата, тие имаат сè повеќе задачи секој ден, а со нив добиваат и поголема одговорност. Тие дури немаат ни слободно време, бидејќи го споделуваат со другите деца.

Тие се најдобриот идол за нивните браќа и сестри

Иако и тие самите се деца, се грижат и ги сакаат помладите браќа и сестри, и за разлика од многу возрасни, тие навистина си играат со нив.

Сè на сè, постарите браќа и сестри се одличен пример и најдобар идол за помалите членови од семејството.

dali-i-zoshto-postarite-deca-sozrevaat-pobrzo-04.JPG

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg