Каков родител сте? Добрите и лошите страни на сите хороскопски знаци

Астрологијата може да ви даде јасни знаци и правци каков родител сте или може да бидете, па затоа проверете си ги карaктеристиките на вашиот знак.

kakov-roditel-ste-dobrite-i-losite-strani-na-site-horoskopski-znaci-01.jpg

Можеби токму овој мал потсетник ќе ви помогне да биде уште поуспешен родител.

Овен

Овните се родители кои имаат голема енергија и љубов да истражуваат нови работи, па така со ентузијазам ја прифаќаат секоја новост која сметаат дека ќе биде добра за нивното дете. „Тоа е одлично, му овозможува да открие нови аспекти од животот,“ би била нивната омилена реченица. Инаку се строги родители кои можат лесно да ги изгубат нервите, но секогаш се подготвени за решавање на новите проблеми.

Лошата страна на Овните родители е што им недостасува трпеливост. Може да ги изнервира трчањето низ домот или кога децата се обидуваат да го одложат времето на спиење. Наоружајте се со трпение, неопходно ви е!


Бик

Биковите се трпеливи и искрени родители. Тие им овозможуваат на своите деца чувство на стабилност, што е одлична предност. Тие знаат како да ги постават целите и да ги насочат децата кон она што го сакаат. Таа вештина во иднина ќе им ја пренесат и на своите идни генерации.

Лошата страна е што се неверојатно тврдоглави, што е одлика на земјените знаци. На нив им е многу тешко да го променат мислењето. Понекогаш се подготвени да водат битка со желбите на детето, само за да го докажат своето. Пробајте да пронајдете компромис, тоа е одличен начин да водите хармоничен семеен живот.


Близнаци

Остроумните Близнаци се одлични во вербалната комуникација и сето тоа добро знаат да им го пренесат на децата. Сакаат кога нивните млади се ставени пред тешки избори и можности, па им даваат слобода да го одберат она што ги прави среќни. Благодарение на правилните насоки, нивните деца лесно ќе прераснат во генијалци.

Лошата страна на овие родители е што понекогаш знаат да бидат површни. Потребно е да откријат повеќе информации ако сакаат да ги разберат работите. Често пати им се случува да не анализираат доволно, па да дојдат до погрешен заклучок. Отворете ги мислите и проучете ги работите малку подлабоко.


Рак

Децата кои имаат родители во знакот на Рак се вистински среќници. Ракот е посветен родител кој се грижи за секоја потреба. Секогаш се заштитнички настроени и обожаваат кога детето е во нивни раце. Во тинејџерските години се посветени и ги разбираат сите непредвидени ситуации кои се случуваат.

Сепак, лошата страна на Раковите е што постојано ја потенцираат жртвата која ја прават. Многу лесно може да заиграат на чувството на вина, посебно ако детето не тргнало по патот по кој тие го планирале. Обидете се да се ослободите од стравот и дозволете му на детето да ја одреди насоката. Избегнувајте ја реченицата „Направив сè за тебе!“


Лав

Лавот е посветен и предаден на своето семејство. Тие се полни со љубов и нежност, но за возврат имаат големи очекувања од своите деца. Нивните деца најчесто ги наследуваат лидерските карактеристики. Тие со задоволство ќе ги научат како да истражуваат и да го добијат она што им се допаѓа.

Но, нивната посветеност има и лоша страна. Родителите Лавови лесно знаат да ги размазат своите деца. Дајте сè од себе, но поставете граници таму каде што е потребно. Избегнувајте го исполнувањето на секоја желба.


Девица

Девиците се одлични родители кога треба да се постави некоја цел и обично таа карактеристика им ја префрлаат на следните генерации. Децата на Девиците се секогаш способни во организирањето, тимската работа и планирањето. Обожаваат кога ќе забележат дека нивното дете се огледува на нив.

Лошата страна е што овие родители сакаат да постигнат перфекционизам, па може да станат исфрустрирани и навредени кога децата нема да ги исполнат очекувањата. Во состојба се да критикуваат многу болни и навредливи работи. Наместо да бидете критични, обидете се да ги охрабрите во позитивна смисла. Имајте на ум дека разочарувањата со децата се неизбежни.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg