10 најчести грешки кои ги прават модерните родители со децата

Сите мислат дека знаат неколку работи за тоа како е да се биде родител. Но кога доаѓа моментот теоријата да се примени во пракса, многумина го паѓаат тестот.

10-najcesti-greski-koi-gi-pravat-modernite-roditeli-s-decata-01.jpg

Колку пати сте се уплашиле од деца кои нервозно врескаат и не сакаат да се одлепат од подот на продавницата?

Во најголем дел од случаите, кутриот родител се обидува да воспостави некој ред и граница, па наместо веднаш да го осудиме, треба да се обидеме да го разбереме и поддржиме.

Време е да се соочиме со 10-те најголеми грешки кои ги прават родителите во процесот наречен модерно воспитување на децата:

Не знаете да кажете НЕ

Гуми за џвакање, бонбони, грицки, чоколатца - сите овие работи демнат директно пред наплатните каси во супермаркетите, а вашето малечко не може да им одолее.

Многу родители попуштаат пред нивните молби да се купат бонбони или чоколадни јајца, само затоа што сакаат да избегнат расправија, мораат брзо да ги пакуваат производите или пак го бараат паричникот, па не обрнуваат внимание на детските молби и автоматски велат да.

Кога му попуштате на детето само заради мир, тоа учи нова стратегија. Дека може да добие сè што ќе посака. Детето ќе го користи ова одново и одново затоа што вие му дозволувате.

Еден од начините како да го избегнете ова е добро да го нахраните детето пред да излезете, за да не му се отвора апетит за дополнителни грицки. Друг, да избегнувате купување намирници заедно со детето.

А трет и најделотворен, е да научите да кажете НЕ, па макар земјата се потресла. Со текот на времето детето ќе научи дека не може на секое купување да дополнува работи во корпата.

Не инсистирате на граници

Доколку постојано го разгалувате детето, тоа ќе прерасне во една себична личност која секогаш бара и очекува премногу. Доколку подоцна во текот на животот постојано се соочува со проблеми како неуспех во училиштето, а подоцна и на работното место, првенствено вината треба да му припадне на родителот.

Научете го вашето дете на добро воспитување, дека за сè постојат граници и дека има казни и последици за недоличното, неприфатливо однесување.

Одите против сите кои работат со вашето дете

Виновна е учителката, наставничката, директорот, професорката по англиски. Сите работат против вашето дете, а вие постојано се ставате во улога на негов заштитник.

Родителите во денешно време се обидуваат да ги спречат учителите во дисциплинирањето на нивните деца. Наставниците и останатите педагози треба да ја имаат вашата целосна поддршка, со цел децата еден ден да станат одговорни граѓани и да го научат значењето на зборот авторитет.

Треба воедно да ги научите децата дека треба да ги слушаат учителите, затоа што им мислат сè најдобро.

Не сте доследни

Понекогаш го казнувате детето за некоја мала ситница, а друг пат тоа поминува неказнето за некоја поголема и пострашна ситуација.

Научете како да бидете доследни во казните и укорите. Во родителството не постои момент на умор, кога не сте расположени да му одржите лекција на детето. Секој ден и секоја нова грешка се повод за нова лекција.

Не сочувствувате со детето

Кога работите стануваат потешки за детето во училиште, треба да сте во можност да изразите солидарност и сочувство. Ова не значи дека треба да седнете и да ја напишете домашната задача наместо него, како што прават најголем дел од денешните родители.

Треба да знаете како да се поврзете со него. Научете се да разговарате за проблемите, да му помогнете да најде решение. Ништо нема да постигнете доколку му викате или инсистирате задачата да е готова до одреден временски рок, кога тоа нема поим како да ја сработи.

Уште 5 грешки на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg