Симптоми на стомачен вирус, колку долго трае и кога да посетите доктор?

Стомачниот вирус е често заболување кое предизвикува непријатни симптоми, како дијареја и повраќање. Во повеќето случаи, симптомите се повлекуваат сами, во период од два-три дена. Но, доколку симптомите се многу изразени или не ви поминуваат веќе неколку денови, секогаш е добро да се консултирате со лекар.

simptomi-na-stomachen-virus-kolku-dolgo-trae-i-koga-da-posetite-doktor-01.jpg

Стомачниот вирус е вирусна инфекција во дигестивниот систем. Предизвикува симптоми како повраќање и дијареја и иако трае кратко, може да биде многу заразен.

Што треба да знаете за оваа честа болест и како да се заштитите?

Што претставува стомачниот вирус и колку е чест?

Стомачниот вирус, медицински познат како гастроентеритис, е инфекција која има влијание врз дигестивниот систем.

Предизвикан е од вирус, но постојат и бактерии и паразити кои можат да предизвикаат слични симптоми.

Неретко, речиси е невозможно самите да познаете дали станува збор за вирус или бактерија.

Важно е да знаете дека стомачниот вирус нема никаква врска со сезонскиот грип, туку е сосема различно заболување.

Додека сезонскиот грип го напаѓа респираторниот систем, стомачниот вирус е фокусиран само на дигестивниот.

kolku-dolgo-trae-stomachniot-virus-i-koga-treba-da-odite-na-lekar-02.jpg

Стомачниот вирус е мошне често заболување, но бидејќи генерално не треба лекарска помош, тешко е да се одреди колку точно луѓе се заразуваат секоја година.

Предизвикан е од неколку вируси, а експертите претпоставуваат дека најчесто „виновникот“ е норовирусот.

Се проценува дека секоја година, над 680 милиони луѓе се заразуваат со овој вирус.

kolku-dolgo-trae-stomachniot-virus-i-koga-treba-da-odite-na-lekar-03.jpg

Кои се симптомите на стомачен вирус?

Симптомите на стомачен вирус обично се јавуваат од еден до три дена по заразата.

Кај некои луѓе се поблаги и траат неколку денови, но некогаш можат да бидат поизразени и да траат до две недели.

Најчестите симптомите се:

  • Дијареја – доколку има крв во столицата, тогаш најверојатно не е стомачен вирус, туку друга инфекција
  • Гадење и/или повраќање
  • Болки и грчеви во стомакот
  • Повремени болки во мускулите или главоболка
  • Блага треска

simptomi-na-stomachen-virus-kolku-dolgo-trae-i-koga-da-posetite-doktor-004.jpg

Кога треба да одите на лекар?

Во повеќето случаи, симптомите се повлекуваат сами од себе.

Но, одете на лекар доколку:

  • Повеќе од 24 часа повраќате дури и кога пиете само течности
  • Повеќе од два дена имате дијареја и повраќање
  • Повраќате крв
  • Забележувате знаци на дехидратација – многу сува уста, многу жолта урина, вртоглавица, слабост
  • Забележувате крв во столицата
  • Имате многу силни болки во стомакот
  • Имате температура повисока од 40 степени

kolku-dolgo-trae-stomachniot-virus-i-koga-treba-da-odite-na-lekar-05.jpg

Стомачниот вирус е доста чест и кај децата, па важно е да ги следите симптомите.

Веднаш однесете го детето на лекар доколку:

  • Има температура повисока до 38,9 степени
  • Изгледа многу уморно
  • Има дијареја и крв во столицата
  • Изгледа дехидрирано

kolku-dolgo-trae-stomachniot-virus-i-koga-treba-da-odite-na-lekar-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg