Зошто не треба да заспивате пред телевизор?

Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврзано со лош сон и зголемен ризик од дијабетес и висок крвен притисок. Неколку причини зошто не треба да заспивате пред телевизор.

dali-zaspivate-so-vkluchen-televizor-eve-zoshto-e-toa-opasno-za-vasheto-zdravje-01.jpg

Многумина секоја ноќ се пред телевизиските екрани, гледајќи го омилениот филм или серија, а неретко и заспиваат така. Дали и вам ви звучи познато?

Ако се препознавате во оваа категорија луѓе, тогаш имајте предвид дека заспивањето пред екраните не е добро за вашето здравје. Според одредени истражувања, гледањето телевизија, а притоа заспивањето со вклучен екран, може да го наруши сонот и да ги зголеми шансите за здебелување.

Една студија спроведена во 2022 година од Медицинскиот факултет на универзитет во Чикаго, надгледувала над 550 волонтери, на возраст од 63 до 84 години. Од нив било побарано да носат уреди во креветот, со цел истражувачите преку нив да го следат количеството на светлина на кое биле изложени во текот на ноќта и како тоа влијаело на нивното здравје.

zoshto-ne-treba-da-zaspivate-pred-televizor03.jpg

Па, според оваа студија, кај лицата кои спиеле дури со мало светло во собата, постоел ризик од дијабетес, дебелина и хипертензија. Тие откриле дека оние кои спиеле со слабо осветлување – како што е од телевизор па дури и од паметен телефон, следното утро имале поголема „отпорност“ на инсулин, што влијаело на нивниот капацитет да го контролираат нивото на шеќер во крвта.

Освен тоа, светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврзано со лош сон и зголемен ризик од дијабетес и висок крвен притисок.

Ако се прашувате зошто е толку лоша оваа навика за вашето здравје, тогаш имајте предвид дека трите главни фактори кои го зголемуваат ризикот за срцеви заболувања се висок крвен притисок, дијабетес и здебеленост.

zoshto-ne-treba-da-zaspivate-pred-televizor02.jpg

Бидејќи мелатонинот се „потиснува“ кога сте изложени на вештачка сина светлина, на луѓето кои страдаат од несоница им се советува повремено да ја минимизираат изложеноста на вакво светло, со цел да му помогнат на своето тело да се подготви за спиење.

Исто така, гледањето телевизија пред заспивање може да има лош ефект кај помладата популација, затоа што може да имаат кошмари од она што го гледале на телевизорот пред да заспијат. Тоа ќе доведе исто така до лош квалитет на спиење, а следното утро да се појави лошо расположение и замор.

dali-zaspivate-so-vkluchen-televizor-eve-zoshto-e-toa-opasno-za-vasheto-zdravje-07.jpg

Уште една неповолност од ваквата навика е тоа што честопати кога заспиваат пред телевизиските екрани, луѓето не се свесни за позицијата на телото. Така, може да се појави вкочанетост и болка во мускулите.

Па, сите овие фактори треба да ве мотивираат да спиете без вклучени екрани, да се опуштите и да „се одморите“ од сите тие работи пред да заминете во кревет. Напијте се вода и медитирајте пред да заспиете, па на долг рок ќе ги забележите огромните користи.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg