Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Детоксикација: Освежете го организмот по празниците

detoksikacija-osvezete-go-organizmot-po-praznicite-povekjeАко по празниците и богатата трпеза, премногу колачи, торти и месо се чувствувате барем три килограми потешки, летаргично, тромо – не сте единствени.


Ви предлагаме брза и итна детоксикација, начин на исхрана која ќе го закрепне организмот, ќе го согори вишокот на маснотии и тоа само за 72 часа.

detoksikacija-osvezete-go-organizmot-po-praznicite

Оброците се вегетаријански, без месо или само со малку пилешко или месо од мисирка и преставуваат идеален микс на антиоксиданси, протеини, влакна, витамини и минерали.

За да успее детоксикацијата строго почитувајте ги правилата за намирниците и количината што треба да ја консумирате.

Не додавајте шеќер, преливи, сосови, засладувачи. Менито повторувајте го три дена – во круг. За тоа време избегнувајте сокови, алкохол, пијте ги само пропишаните пијалаци.

Вода пијте во неограничени количини. Дури и за време на оброците, а две чаши задолжително половина час пред секој ручек и вечера.

Зелениот чај нека ви стане навика по ручекот, ужината и вечерата.

Предлог мени

Појадок:

Во блендер измиксирајте три четвртини од шоља млеко со мала масленост, половина шоља малини, исто толку боровинки, лажица сурутка во прав со вкус на ванила, четвртина лажиче цимет, 5 коцки мраз. Ако не сакате да го правите овој напиток, во предвид доаѓаат како замена и црниот чај и кафето.

Ручек:

Спанаќ салата. Измијте и обарете колку што сакате спанаќ. Додајте лута пиперка, малку свеж патлиџан, морков, кромид, брокула и репка. За да биде салатата повкусна по желба додајте уште и краставички, печурки, целер. Додајте и половина шоља црвен грав, зачинете со маслиново масло и со неограничена количина оцет (вински или балсамико). На крајот од оброкот изедете црвен или обичен грејпфрут.

Вечера:

Неограничена количина риба на скара или печена. Бакаларот и лососот се идеален избор, зачинете ги со лимонов сок и црн пипер. Како прилог одберете брокула варена на пареа.

Би можело да ве интересира:

Зошто имате ноќни тремори (и дали треба да одите на лекар)? Ноќните тремори кои се јавуваат во текот на целата ноќ и ви го попречуваат спиењ...
Необични и неочекувани симптоми со кои може да се соочите во менопауза Промени во сетилото за мирис и слух, многу сува кожа, појава на нови алергии – х...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)? Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Децата и потењето: Како да препознаете дали е нормално или прекумерно? Ако вашето дете се поти повеќе од нормално, може да има хиперхидроза, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg