6 знаци дека можеби имате интолеранција на лактоза

Подуеноста и гасовите се едни од почестите симптоми што ги чувствуваат луѓето со интолеранција на лактоза. Важно е да знаете дека ова не претставува алергија и симптомите може да се контролираат со умерен внес на млечни продукти.

6-znaci-deka-mozhebi-imate-intolerancija-na-laktoza-01.jpg

Интолеранцијата на лактоза се јавува кај луѓе кои ги немаат потребните ензими за разградување на лактозата.

Важно е да се нагласи дека ова не е алергија на млеко и млечни производи и не претставува опасност ако консумирате млечни продукти.

Повеќето луѓе со интолеранција на лактоза сепак можат да консумираат млечни производи во помало количество.

Покрај тоа, денес се достапни и бројни млечни продукти без лактоза.

Ако чувствувате дел од симптомите, не мора да значи дека и вие имате интолеранција и за да добиете соодветна дијагноза, секогаш треба да се консултирате со лекар.

Шест симптоми кои се можен знак за интолеранција на лактоза:

Главоболка и замор

Ова е мошне редок симптом и обично се јавува кај луѓе кои имаат и други проблеми со здравјето.

Сами по себе, ова не се симптоми на интолеранција, но ако чувствувате и други проблеми, консултирајте се со лекар.

6-znaci-deka-mozhebi-imate-netolerancija-na-laktoza-04.jpg

Гасови

Бидејќи организмот не може добро да ја дигестира лактозата, може да се јават и гасови.

6-znaci-deka-mozhebi-imate-netolerancija-na-laktoza-05.jpg

Подуеност

Главно симптомите на интолеранција на лактоза се локализирани во дигестивниот систем.

Ако чувствувате подуеност секојпат кога јадете млечни производи, особено во поголемо количество, можеби имате интолеранција на лактоза.

6-znaci-deka-mozhebi-imate-netolerancija-na-laktoza-03.jpg

Болки во мускулите

Уште еден поредок симптом, но за кој е добро да бидете свесни.

Претераното консумирање млечни продукти некогаш може да биде поврзано и со болка во мускулите ако имате интолеранција на лактоза.

6-znaci-deka-mozhebi-imate-netolerancija-na-laktoza-06.jpg

Болка и грчеви во стомакот

Ова е еден од почестите симптоми кај луѓето со нетолеранција.

Обично се јавува неколку часа откако ќе изедете поголем количество млечни продукти.

07.jpg

Дијареја или констипација

Ако сте нетолерантни на лактоза и претерате со млечни продукти, можно е да се јави дијареја.

Кај некои луѓе, се јавува и констипација.

6-znaci-deka-mozhebi-imate-netolerancija-na-laktoza-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Шест физички симптоми на деменција (кои лесно се игнорираат) Промените во спиењето, како будење среде ноќ и месечарење, може да се знак за де...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg