Од срцето на една анксиозна девојка: „Анксиозноста не е болест, туку несигурност претворена во немир“

„Забрзаното срце, испотените дланки и виорoт на мисли не се знак дека нешто не е во ред со нас. Тие се знак дека премногу долго живееме на начин што не е во склад со тоа што навистина сме...“, вели Данијела Младеновиќ од Србија.

od-srceto-na-edna-anksiozna-devojka-anksioznosta-ne-e-bolest-tuku-nesigurnost-pretvorena-vo-nemir-001_copy.jpg

Данијела Младеновиќ од Србија на својот Инстаграм профил „AnksiozniOptimista“, каде има повеќе од 74.000 следбеници, отворено зборува за анксиозноста, како и за борбата со неа.

Многу луѓе кои се соочуваат со оваа состојба преку нејзините зборови ќе се почувствуваат сфатени и разбрани.

Нејзината исповед за анксиозноста гласи:

„Анксиозноста не е болест, туку …

Нас нè научиле дека анксиозноста е нешто што треба да се излечи, победи, задуши. Дека е непријател кој нè спречува да живееме „нормално“.

Што ако погрешно сме ја разбрале анксиозноста? Анксиозноста треба да се гледа како сигнал, а не како нешто што треба да се одбие, туку како нешто што треба да се разбере.

Анксиозноста не е болест, туку начин на кој нашето тело нè предупредува дека сме се оддалечиле од себе.

od-srceto-na-edna-anksiozna-devojka-anksioznosta-ne-e-bolest-tuku-nesigurnost-pretvorena-vo-nemir-02.jpg

Кога премногу се приспособуваме на очекувањата, кога животот нè носи како река, а ние немаме сила да управуваме со сопствениот тек, телото реагира.

Забрзаното срце, испотените дланки и виор на мисли не се знак дека нешто не е во ред со нас. Тие се знак дека премногу долго живееме на начин што не е во склад со тоа што навистина сме.

Анксиозноста не е болест, туку потсвесен отпор против притисокот да бидеме силни, насмеани и расположени цело време.

Колку пати сме скриле замор зад насмевката? Колку пати сме рекле дека сме добро, иако трпевме од неиздржливост?

Телото памети. Кога премногу долго ги игнорираме сопствените граници, анксиозноста станува начин на кој нашата душа вика: „Не можам повеќе вака“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
8 промени кои можат да бидат ран знак за Паркинсонова болест (и не треба да ги игнорирате) Отежнат говор, промени во ракописот, но и промени во изразите на лицето – што др...
Знаци за деменција за кои не се зборува често (а треба да ги знаете) Покрај проблемите со помнењето, знак за деменција можат да бидат и халуцинациите...
Мозочен удар, откажување на бубрезите: Што ќе се случи ако не го третирате високиот крвен притисок? Високиот крвен притисок може да се регулира со лекови и промени во животните нав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg