Откријте зошто овие мафини се идеален појадок

Во овој оброк ќе најдете доста важни состојки за разработување на мозокот: прехранбени влакна, витамини Б, витамин Ц, калиум , калциум, фосфор, хром и материи кои помагаат за детоксикација на телото.

otkrijte-zosto-ovie-mafini-se-idealen-pojadok-1

Потребни состојки за 12 мафини:

  • 50 гр овесни снегулки
  • 150 гр интегрално пченично брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 60 мл сончогледово масло
  • 100 гр мед
  • 3 лажици вода
  • 1 јајце
  • Сок од половина лимон или лимета ( околу 30 мл )
  • 300 гр свежи или замрзнати боровинки
  • Свежо изрендана кора од лимон или лимета


Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени. Наредете 12 поголеми калапи во една тава, а потоа започнете да ја подготвувате смесата.

Во голем пластичен сад измешајте ги овесните снегулки, брашното, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер. Во друг сад измешајте го маслото, медот, водата, јајцето и сокот од лимон, па додајте ги сувите состојки. Измешајте се заедно. Во тестото измешајте ги боровинките и кората од лимон.

Тестото истурете го во претходно подготвените калапи и печете 18 минути.

otkrijte-zosto-ovie-mafini-se-idealen-pojadok-01

Би можело да ве интересира:

Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg