Нахранете го мозокот

nahranete-go-mozokot-povekjeОдржете ја остроумноста преку правилен избор на јадења. Широкиот избор на „мозочна храна“ овозможува вкусно уживање и за најпребирливите...

 

...гурмани кои никогаш повеќе нема да мора да се грижат за насоката во која се движат нивните мисли. Бидете мудри и навалете на здраво јадење.

nahranete-go-mozokot-losos Лосос и омега-3
Омега-3 масните киселини што ќе ги најдете во рибите го хранат и штитат мозокот. Овие корисни масти позитивно влијаат на хемиските процеси во мозокот и се особено важни за неговиот развој и основни функции.
nahranete-go-mozokot-zitarki Нерафинирани житарки
Мозокот ќе стане на „десна нога“ ако за појадок изедете порција житарки, односно интегрални пецива, нерафинирани оризови или овесни снегулки и слично. Оваа храна има низа добри страни, како на пример заштита на кардиоваскуларниот систем и справување со дијабетисот.
nahranete-go-mozokot-avokado Калиум
Калиумот игра важна улога во заштита на нервната функција, што секако влијае на целокупната работа на мозокот. Оваа корисна состојка ја има во авокадо, банани, киви и кајсии.
nahranete-go-mozokot-vitamin-b Витамин Б
Постојат повеќе видови витамин Б и сите имаат добро влијание на работата на мозокот. Б витамините им помагаат на основните мозочни и нервни функции, а конкретно витаминот Б6 го претвора триптофанот во двигателот на добро расположение, серотонинот. Б витамините ќе ги добиете од нерафинирани житарки, мешункаст зеленчук, млечни производи и риба.
nahranete-go-mozokot-jagodi Витамин Ц
Моќниот антиоксидант ќе го избрише чувството на замагленост и умор, особено по обилен оброк. Затоа следниот пат изберете јагоди за десерт.

Би можело да ве интересира:

„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg