Зошто ни “игра“ окото?

zosto-ni-igra-okoto-povekjeИако живееме со своето тело и ни се чини дека добро го познаваме, понекогаш знае да не изненади со некоја негова реакција, на пример, вртоглавица или...

 

...биење на срцето.

Што навистина се крие зад тоа? Генерално не е ништо страшно.

Икање: пребрзо сте јаделе
Сте почувствувале ненадејно избувнување во дијафрагмата. Истиот момент се затвора капакот на гркланот (епиглотис) и почнувате да икате. Овој рефлекс обично се случува кога ќе јадете или пиете премногу брзо, кога консумирате премногу топла или премногу ладна храна или пијалок, или кога ни е полн стомакот.zosto-ni-igra-okoto

Што да се превземе?
Постојат неколку начини да се запре икањето. Задржете го здивот, притискајте го јазикот накај непцето, изедете сув леб, каснете лажичка шеќер или испијте брзо чаша вода.

Но, ако не помине икањето до следниот ден, тогаш задолжително јавете се кај вашиот лекар, бидејќи долгорочното икање, во ретки случаи, може да биде знак за воспаление на хранопроводот или други воспаленија на градите или абдоменот.

Играње на окото: причина е хормонот на стресот
Капакот или мускулите на аглите од очите ќе почнат да треперат, а понекогаш и да чувствувате мало чешање. Станува збор за фасцикулација  -  брзо треперење на мускулните влакна.

Важна улога во оваа појава игра и хормонот на стресот, адреналинот, кој ги  иритира малите мускули. Причината често е ненаспаноста и преголемиот стрес во секојдневниот живот.

Што да се превземе?
Ви треба повеќе мир. Дозволете си повеќе паузи, спиење од најмалку седум часа на ден. Повеќе пешачење, по можност во вечерните часови. Ова ќе ве релаксира и ќе ја спречи секрецијата на стресниот хормон.

Кркорење  во стомакот: воздухот прави бучава
Понекогаш  од стомакот се слушаат гласни звуци, но не грижете се -  кркорењето во стомакот е индикација дека варењето добро функционира. Желудникот е празен мускул кој ја меша храната, а потоа се транспортира во другите органи, така што се грчи дел по дел (перисталтика). Ова се случува дури и кога во него има само воздух. Со тие движења го потиснува воздухот и произведува звуци.

Што да се превземе?
Изедете нешто. Кога желудникот е полн, звуците се послаби. Добро е се што е течно и кремасто како кисело млеко, јогурт...

Прва помош совети: напијте се една чаша топла вода, бидејќи топлината ги ублажува грчеви.

Вртоглавица: знак за презамореност
Имате чувство дека сè околу вас се врти, а тоа често се случува во утринските часови. Во повеќето случаи, ова е безопасна и нормална реакција.

Вртоглавицата сепак, може да биде знак на физичка презамореност. Можеби имате премногу работа или често сте изложени на стрес? И промената на времето може да предизвика вртоглавица. Циркулацијата се намалува и мозокот не добива доволно шеќер од крвта, кој му е неопходен.

Што да се превземе?
Наизменично туширање со топла и ладна вода во утринските часови ќе ја поттикне циркулацијата.

Совети: испијте голема чаша топол чај со едно лажиче шеќер - тоа ќе ја  подобри циркулацијата. Потоа, изедете парче интегрален леб. Јаглехидратите лесно се разградуваат и се претвараат во шеќер. На тој начин мозокот во текот на подолг период правилно се исхранува.

Важно: Ако вртоглавицата е предизвикана од едноставно вртење на главата, потребно е да се јавите кај вашиот лекар, бидејќи можна причина може да биде пореметување на циркулацијата во внатрешното уво.

Забрзано биење на срцето: нервите ви се напрегнати
Додека лежите на страна ќе го слушнете биењето на срцето. Имате чувство дека срцето ви бие во грлото. Смирете се, вашиот живот не е во опасност.

Овој феномен покажува ментално преоптоварување, често после долга фаза на изложен стрес, на пример, за време на работа. Нервниот систем ви е напнат и праќа силен сигнал кон срцето и го става во состојба на подготвеност.

Што да превземете?
Дозволете си мир. Бидете подготвени често да велите "не". Ќе бидете изненадени кога ќе видите колку често можете да си земете кратка пауза.

Кивање од сонцето
Сте погледнале во небото, или во силна светилка и веќе чувствувате неконтролирано поттикнување на кивање. Од каде ова? Двата нерва се наоѓаат многу блиску, во предниот дел на мозокот: од една страна е продолжувањето на очните нерви, кое ја пренесува иритација од очите до мозокот, од друга страна пак, продолжувањето на нервите, кои ги пренесуваат мирисните иритации. Силна иритација од очите може да се пренесе на нервите, кои го пренесуваат  иритирањето на носот и потоа киваме.

Што да се превземе?
Многу е важно да не се потиснува кивањето, бидејќи ќе го зголеми  притисокот во градите. Овој притисок се пренесува на артериите во градите, вратот и главата. Носете очила, кои ќе ве заштитат од штетните УВ зрачења.

Би можело да ве интересира:

Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Цисти на јајници: Симптоми и начини на лекување - дали влијаат врз забременувањето и кога е потребна... Силна болка во стомакот и грбот, подуеност, брзо и плитко дишење, зачестено мокр...
Најчестите заболувања и проблеми со здравјето (и како се третираат) Настинка, грип, уринарни инфекции – постојат заболувања со кои сме се соочиле ск...
Коксаки вирус: Како да го препознаете, како се пренесува и како да се заштитите? Коксаки вирусот спаѓа во групата на ентеровируси, а во повеќето случаи тој ќе пр...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сопругот ме омаловажува и навредува – Може ли да се промени?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg