Кога сте под стрес...

koga-ste-pod-stress-povekjeВознемирени сте, исплашени имате трема...што да правите за да си помогнете? Има различни видови трема, нервоза, непријатност. Што да се напиете кога...

 

...се чувствувате вака?

Нервозата како резултат на гладот

Иако добро сте појадувале, веќе во 11 часот сте нервозни, цревата почнале да ви кркорат,а на устата ви доаѓа вода додека ги прелистувате списанијата со рецепти.

Доматниот сок  на вашето тело ќе му ги обезбеди потребните витамини и минерални соли, а исто така ќе ја пополни "дупката во стомакот“, па ќе издржите до ручекот.

Но, немојте премногу да го пресолите или зачините ако сакате да  го избегнете koga-ste-pod-stressнепријатното чувство на  горење во стомакот.

Трема пред бизнис состанок или испит

Рацете ви се потат, срцето забрзано бие, одвај успевате да се концентрирате на она што сакате да го кажете. Секои пет минути трчате во тоалетот, гласот ве предава и ве фаќа паника кога помислувате на состанокот или испитот, интервјуто, презентацијата...

Минералната вода може да помогне, но не повеќе од една чаша! Не заборавајте дека има  диуретички својства.Устата по минералната вода нема да ви биде сува, и крвта полесно ќе тече низ вашите вени, така што вашиот мозок на тој начин  подобро ќе функционира.

Грчеви во стомакот, поради преголемите обврски

Не сте во состојба едноставно да дојдете на работа на време, да завршите се што сте планирале..Постојано чувствувате грчеви во стомакот.

Напијте се една чаша млеко. Овој пијалок содржи триптофан и казеоморфин, а тоа се супстанции кои можат да ја отстранат вознемиреноста и непријатниот грч во стомакот. Ако не ви се допаѓа вкусот на обичното млеко, направете фрапе од омиленото овошје.

Паника пред љубовниот состанок

Ги грицкате ноктите, ги кршите прстите ...а во вашата глава се насобираат параноични мисли. Само што не сте се распаднале, а треба да  се покажете во најдобро светло.

Напијте се еден краток, остар пијалок, но само еден! Малата количина на алкохолот може да  ви помогне во таквата ситуација.

Ги проширува крвните садови и се олабавуваат, па ќе бидете подготвени  смело да се „нафрлите„ на вашата "жртва" - или  да ја испратите во пеколот, ако се разочарате на средбата

Би можело да ве интересира:

Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
Марија Костовска за депресијата: „Посетив 2 психолога, но ми помогна молитвата и постот од 7 дена бе... „Јас посетив два психолога. Видов дека еден не ми помага, па реков ќе видам уште...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Зошто имате висок холестерол, дури и кога внимавате на исхраната? Менопаузата и бременоста создаваат многу промени кај женското тело, а можат да б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg