Едноставно, а здраво

ednostavno-a-zdravo-povekjeСекој ден носи нови грижи и нови убави моменти. Постојат мали едноставни чекори кои можат да ви помогнат да се чувствувате одлично со секој нов ден.

 

Ова се мали совети кои ќе ви се најдат и ќе ви помогнат да водите поздрав живот.

ednostavno-a-zdravo

1. Напијте се шолја чај. Немојте да пиете кафе. Чајот е богат со флавоноиди и антиоксиданси кои помагаат и ги штитат клетките од оштетување и може да го намали ризикот од настанување срцеви болести и рак.

2. Појадувајте! Вашата мајка е во право. Доручекот е навистина најважен оброк во денот.

Кога спиете телото ги согорува калориите и затоа треба да ги надоместите кога ќе се разбудите.

Појадокот помага телото и умот да работат нормално. Добар избор се житарици или крекери со млеко и јогурт.

3. Намалете ги чиниите. Не советуваме да си купите нов сет чинии. Обидете се да користите помали чинивчиња за ручек со што ќе ги намалите оброците.

4. Бои, бои, бои! Експертите советуваат да се потрудите исхраната да ви биде во разни бои. Храната која содржи витамини, минерали и антиоксиданси (овошјето и зеленчукот) се вистински избор.

5. Не се опседнувајте со калории. Користете го ова правило: 25-25-50. 25% од вашата чинија треба да бидат протеини, 25% нека бидат тестенини, ориз или компир (подобро варени), а 50% нека биде зеленчук

6. Разликувајте десерти. Еден залак јаболко може да ве засити. Добро правило е да го практикувате еднаш или 2 пати во денот. Слатките како колачиња, чипс, чоколади...треба да ги избегнувате.

7. Уживајте во друштвени слатки – кога сте со пријателите или во канцеларија можете да се засладите со малку чоколадо. Но, не го носите дома.

8. Вода секаде и секогаш. Ни ја враќа енергијата, не одржува во форма. Потребно е да пиете вода при секој оброк и помеѓу нив.

За да откриете дали внесувате доволно количество вода проверете ја урината: бледо жолта боја значи дека пиете доволно вода. Потемна урина сигнализира дека треба да пиете повеќе вода.

Би можело да ве интересира:

Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
Дали хималајската сол е поздрава од готварската (и дали навистина има и до 84 минерали)? Изминативе неколку години, хималајската сол стана мошне популарна, најмногу биде...
8 работи кои никако не треба да ги правите кога е многу жешко (дури и ако не ви пречи топло време) Не дозволувајте да почувствувате жед бидејќи ако стигнете до таа фаза, вашето те...
Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
Кои се најчестите видови артритис (и кои симптоми се јавуваат први)? Постојат многу видови артритис, но најчести се остеоартритисот и ревматоидниот а...
6 навики со кои ќе ги регулирате хормоните (без лекови) Сончевата светлина ги активира хормоните кои имаат влијание врз расположението и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg