5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае

Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да биде свесна за овие ракови и нивните симптоми бидејќи во повеќето случаи, раната детекција е клучна за лекување.

q5-vidovi-rak-na-reproduktivniot-sistem-za-koi-sekoja-zhena-treba-da-znae-01.jpg

Постојат пет „главни“ видови рак кој можат да се јават кај женскиот репродуктивен систем.

Кај жените, најчесто се дијагностицира рак на дојката, но важно е да бидете свесни и за раковите кои можат да се појават на репродуктивниот систем.

Многу видови рак можат да се излечат со рана детекција, па клучно е да ги знаете симптомите, но и редовно да одите на гинеколог.

Петте видови рак на женскиот репродуктивен систем:

Рак на јајникот

Не е познато што точно го предизвикува ракот на јајници, но постојат неколку ризични фактори како возраст, семејна историја на рак, прекумерна тежина, ендометриоза…

На почетокот, ракот на јајници може да не предизвика симптоми, а кога ќе се појават симптоми, неретко може да изгледаат како друг здравствен проблем.

Затоа, редовните прегледи се клучни.

Дел од симптомите можат да вклучуваат:

  • Подуеност и болка во областа на стомакот
  • Слабеење
  • Непријатност во областа на карлицата
  • Замор
  • Болка во грбот
  • Промени во функцијата на цревата, како констипација
  • Честа потреба за мокрење

Подуеноста и болката во стомакот се симптомот кој жените со рак на јајници најчесто го игнорираат, па ако подолг период имате подуен стомак и чувствувате болка, консултирајте се со гинеколог.

5-vidovi-rak-na-reproduktivniot-sistem-za-koi-sekoja-zhena-treba-da-znae-02.JPG

Рак на грлото на матката

Грлото на матката е всушност отворот кој ја поврзува матката со вагината.

Шансите за лекување на ракот на грлото на матката се мошне високи ако се детектира рано.

Заразата со ХПВ вирусот е една од најчестите причини за рак на грлото на матката, но постојат и други ризични фактори како ослабен имунитет и семејна историја на рак.

Дел од симптомите на рак на грлото на матката вклучуваат:

  • Крвав вагинален исцедок кој може да има непријатен мирис
  • Крвавење за време на секс или по менопауза
  • Болка за време на секс

Ако ракот се проширил, може е да се јават симптоми како:

  • Болка при уринирање
  • Дијареја
  • Замор, слабеење и намален апетит
  • Тапа болка или отоци во нозете
  • Болка во стомакот

5-vidovi-rak-na-reproduktivniot-sistem-za-koi-sekoja-zhena-treba-da-znae-03.JPG

Рак на матката

Ракот на матката е почест кај жените во менопауза, но може да се јави на секоја возраст.

Можно е и високото ниво на естроген да го зголеми ризикот од појава на рак на матката.

Дел од симптомите кои можат да се јават вклучуваат:

  • Крвавење по менопауза
  • Многу обилни менструации
  • Крвавење пред и по менструација
  • Промени во вагиналниот исцедок
  • Болка за време на секс

5-vidovi-rak-na-reproduktivniot-sistem-za-koi-sekoja-zhena-treba-da-znae-04.JPG

Рак на вулвата

Вулвата е надворешниот дел од женскиот репродуктивен систем и ги опфаќа клиторисот, малите и големите усни и вагиналниот отвор.

Ракот на вулва е ретка појава, а најчесто се јавува кај жени над 65 години.

Што значи, едниот од ризичните фактори е возраста, но и долготрајната инфекција предизвикана од ХПВ може да го зголеми ризикот.

Сепак, иако е редок, важно е да бидете свесни за симптомите.

Дел од најчестите вклучуваат:

  • Постојано чешање во областа на вулвата
  • Болка и чувствителност во областа на вулвата
  • Задебелена кожа или делови од кожата кои изгледаат потемно или поцрвено од вообичаено
  • Израсток или раничка на вулвата
  • Чувство на печење при мокрење

Генерално, ако забележите каква било промена на вулвата, не ја игнорирајте и консултирајте се со лекар.

5-vidovi-rak-na-reproduktivniot-sistem-za-koi-sekoja-zhena-treba-da-znae-05.JPG

Вагинален рак

Вагината е каналот што ги поврзува надворешните гениталии со матката.

Ракот на вагината ретко се појавува во вагината и обично почнува од други делови, како грлото на матката.

Постојат неколку ризични фактори за рак на вагината, вклучувајќи возраст, инфекција со ХПВ, пушење…

Дел од симптомите кои може да се почувствуваат:

  • Вагинално крвавење кое не е вообичаено, како за време на секс или по менопауза
  • Промени во вагиналниот исцедок
  • Израсток во вагината
  • Болка при мокрење и/или зачестено мокрење
  • Констипација
  • Болка во областа на карлицата

5-vidovi-rak-na-reproduktivniot-sistem-za-koi-sekoja-zhena-treba-da-znae-06.JPG

Иако според статистиката, некои од видовите рак што ги набројавме се јавуваат кај повозрасни жени, тоа не значи дека не можат да се јават и кај помлади.

Во многу случаи, жените не чувствуваат симптоми кога ракот е во рана фаза, па затоа редовните гинеколошки прегледи се клучни за рана детекција.

Ако чувствувате каков било симптом што е невообичаен за вас, дури и мала промена во вагиналниот исцедок, секогаш е добро да се консултирате со гинеколог.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg