Во Хрватска пристигна лек против мамурлакот

Колку пати до сега сте се разбудила со неиздржлив мамурлак после бурна вечер, и како по навика си ветувате дека тоа ќе ви биде последно пиење...

 

... и лумпување до раните утрински часови?

Додека ве убива главоболката, сфаќате дека е работен ден. Но не паничете – доктор Миро Ханжековиќ подготви препарат против мамурлакот наречен Hydrodol кој е створен за вакви критични утра.

Докторот вели дека ако премногу сте испиле минатата вечер, тогаш се што треба да направите е да земете 4 таблети кои веднаш ќе ги решат последиците од лудата ноќ.

Што е Hydrodol?
- Тој е нов фармацевтски производ кој ги отстранува последиците од конзумирање на алкохол. Го лечи мамурлакот со цел наредниот ден да бидете способни за работа и нормално фукцинирање.

Постојат ли некакви штетни последици за организмот од овој производ?Hangover
- Тоа е можеби и најважното прашање, но добри вести за сите вас – производот не му штети на организмот.

Како се конзумираат таблетите?
- При самата конзумација на алкохол се земаат 3 таблети, а следното утро една до две.

Постои ли ризик од предозирање?
- Дури и ако земете доза поголема од пропишаната, не постојат штетни последици.

Постојат ли некои други правила на користење?
- Таблетите можат да ги користат лица кои имаат над 16 години. Секако подобро е и се препорачува со користење да почнат полнолетните лица. Не заборавајте – Hydrodol не е наменет за секојдневна употреба; неговата намена е посебна ситуација – спречување на утрински мамурлак.

 

Би можело да ве интересира:

Мозочен удар, откажување на бубрезите: Што ќе се случи ако не го третирате високиот крвен притисок? Високиот крвен притисок може да се регулира со лекови и промени во животните нав...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...
Проблеми со спиење, анксиозност: Како ни влијае постојаната градска врева? Таканареченото звучно загадување се однесува на постојаната врева која е најприс...
Ниско ниво на енергија, намален интерес за работа: Рани знаци за Алцхајмер кои не треба да се игнори... Алцхајмеровата болест има три фази, а во првата симптомите се поблаги и не влија...
Првпат во Македонија испечатен 3Д имплант за нос - пациентот го загубил носот од малигна болест Компанијата 3DLoom, во соработка со проф. д-р Софија Пејкова од Универзитетската...
Дали хималајската сол е поздрава од готварската (и дали навистина има и до 84 минерали)? Изминативе неколку години, хималајската сол стана мошне популарна, најмногу биде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg