Како да препознаете пајак „црна вдовица“ и кои се првите симптоми откако ќе ве касне?

Европската црна вдовица по изгледот се разликува од американската… Најчесто симптомите се појавуваат еден час по каснувањето, а оваа средба може да биде фатална за луѓето со слабо срце. Што знаеме за европските црни вдовици и како да се заштитиме од нив?

kako-da-prepoznaete-pajak-crna-vdovica-i-koi-se-prvite-simptomi-deka-ste-bile-kasnati-01.jpg

Директорот на Универзитетската клиника за токсикологија, д-р Андон Чибишев на социјалните мрежи упати јавен апел и предупредувања до граѓаните, откако во текот на изминатиот викенд (6-7 јули) струмичанец бил каснат од пајакот познат како „црна вдовица“.

„Во текот на викендот на Универзитетската клиника за токсикологија е примен пациент во исклучително тешка општа состојба заради каснување од инсект кој според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и кажувањето на пациентот бил црн инсект кој личел на пајак.

Според клиничката слика и клиничките манифестации пациентот е каснат од пајак „црна вдовица“ (Latrodectus), инсект чие каснување може сериозно да го загрози здравјето и животот.

Би сакал лично да го истакнам високопрофесионалниот пристап и реакцијата на дежурната екипа од Општа болница во Струмица кои пружиле соодветна итна помош и по пријавување на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со нашиот дежурен доктор и дежурната екипа, итно го транспортираа пациентот во нашата институција“ – вели докторот и посочува дека благодарение на брзата реакција на медицинскиот персонал, состојбата на пациентот била стабилизирана за неколку часа.

kako-da-prepoznaete-pajak-crna-vdovica-i-koi-se-prvite-simptomi-otkako-kje-ve-kasne-30.jpg

Иако многумина со неверување ја прифатија информацијата за каснувањето, факт е дека овие пајаци ги има и на Балканот.

Како да препознаете црна вдовица?

На Балканот и во Европа е застапена т.н. европска црна вдовица, која во изгледот се разликува од Црната вдовица застапена во САД и на другите места во светот.

Ако американската црна вдовица е препознатлива по двата триаголници што обликуваат форма на песочен часовник на стомакот од пајакот, европската е препознатлива по тоа што има 13 точки на задниот дел од телото.

kako-da-prepoznaete-pajak-crna-vdovica-i-koi-se-prvite-simptomi-deka-ste-bile-kasnati-04.jpgЦрната вдовица во САД е препознатлива во црвениот песочен часовник на стомакот

Овие точки вообичаено се црвени, но може да бидат и жолти или портокалови.

Овие пајаци вообичаено живеат на отворени простори и во градини, па затоа најголема опасност од каснување постои при вршење градинарски работи, или при престојување во природа.

Името овој пајак го добил според тоа што се претпоставува дека женката го јаде мажјакот по парењето, и заради тоа се смета дека женките се поопасни, додека мажјаците се помали и немаат доволно цврсти заби за да ја прегризаат човечката кожа.

Женката е со големина од 7 до 15 mm додека, мажјаците се со големина од 4-7 mm.

kako-da-prepoznaete-pajak-crna-vdovica-i-koi-se-prvite-simptomi-deka-ste-bile-kasnati-20.jpgЕвропската црна вдовица има 13 точки на грбот

На следната страница прочитајте кои се симптомите по каснувањето...



Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Србинка со искрени фотки од болница по ставањето силикони: „Ги правев градите, но кога не треба да с... „Имплантите не се само естетика. Тоа е дополнителен товар што го носи ’рбетот. А...
Првпат во Македонија испечатен 3Д имплант за нос - пациентот го загубил носот од малигна болест Компанијата 3DLoom, во соработка со проф. д-р Софија Пејкова од Универзитетската...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Храна и суплементи што треба да ги ограничите ако примате терапија за хипотироидизам Некои суплементи, како железо и калциум, можат да имаат влијание врз апсорпцијат...
Физички симптоми и проблеми кои (најчесто) се последица од хроничен стрес Паѓањето на косата, нередовните менструации и проблемите со стомакот можат да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg