Физички симптоми и проблеми кои (најчесто) се последица од хроничен стрес

Паѓањето на косата, нередовните менструации и проблемите со стомакот можат да бидат проблеми предизвикани од хроничен стрес.

fizichki-simptomi-i-problemi-koi-najchesto-se-posledica-od-hronichen-stres01.jpg

Сите знаеме дека стресот влијае врз менталното здравје, но исто е штетен и за физичкото.

И, не само стресот, проблемите со менталното здравје како депресија и анксиозност исто така создаваат и физички симптоми.

Сепак, луѓето не ги поврзуваат со менталните состојби, па може да не се ни свесни дека се изложени на многу стрес или имаат и некој посериозен проблем.

Физички симптоми кои можат да бидат предизвикани од хроничен стрес:

Сува уста и отежнато голтање

Стресот може да го намали лачењето плука.

Ова, пак, создава сувост во устата, како и отежнато голтање.

Паѓање на косата

Паѓањето на косата е сосема нормална појава и во просек губиме помеѓу 50 и 100 влакна дневно. За некои луѓе нормално е да губат и до 150 влакна дневно.

Но, хроничниот стрес може да го забрза овој процес, па да забележите зголемено опаѓање на косата.

Ако немате здравствени проблеми, но забележувате дека губите повеќе коса, тогаш можеби се соочувате со хроничен стрес.

fizichki-simptomi-i-problemi-koi-najchesto-se-posledica-od-hronichen-stres-03.jpg

Проблеми со стомакот

Сигурно и самите имате забележано дека кога сте изложени на многу стрес, имате некое чудно чувство во стомакот.

Ова е бидејќи стресот има огромно влијание врз дигестивниот систем.

Хроничниот стрес, пак, може да предизвика симптоми како болка, киселини, гадење, па дури и дијареја и констипација.

Болка во мускулите

Кога сме под стрес, несвесно ги стегаме мускулите.

Кога стресот е хроничен, ова стегање станува секојдневие, па може да се јави болка во мускулите.

Обично оваа болка е најизразена на вратот, грбот и рамената.

Болка во вилицата, ушите или главата

Многу луѓе несвесно ја стегаат вилицата кога се изложени на многу стрес.

Со текот на времето, стегањето на вилицата може да предизвика болка која може да се прошири и на ушите и главата.

fizichki-simptomi-i-problemi-koi-najchesto-se-posledica-od-hronichen-stres-02.jpg

Вртоглавица

Хроничниот стрес може да биде причина за нерамномерно чукање на срцето, но и за плитко, испрекинато дишење.

Оваа комбинација, пак, може да направи да чувствувате вртоглавица поради намаленото ниво нa кислород.

Намалено либидо

Хроничниот стрес има влијание и врз хормоните.

Хормоналните промени предизвикани од стрес можат да доведат до намалено либидо, но и проблеми како еректилна дисфункција и нередовни менструации.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg