Првпат во Македонија испечатен 3Д имплант за нос - пациентот го загубил носот од малигна болест

Компанијата 3DLoom, во соработка со проф. д-р Софија Пејкова од Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје, успешно го заврши проектот за изработка и имплантација на целосно персонализиран 3Д-изработен назален имплант кај пациент кој го изгубил носот поради малигна болест.

prvpat-vo-makedonija-ispechaten-3d-implant-za-nos-pacientot-go-zagubil-nosot-od-maligna-bolest-01.jpg

Ова достигнување претставува прв ваков случај опишан во Македонија, регионот, а можеби и во светот.

Позадина и предизвик

Познатите методи за реконструкција честопати даваат незадоволителни естетски и функционални резултати, и обично бараат повеќе интервенции во текот на животот на пациентот.

Уникатноста на овој пристап лежи во комбинацијата на forehead flap техниката со персонализиран имплант изработен со помош на 3Д печатење.

Ваков пристап досега не е објавен во научната литература, поради што се верува дека може да биде прв во светот.

prvpat-vo-makedonija-ispechaten-3d-implant-za-nos-pacientot-go-zagubil-nosot-od-maligna-bolest-02.jpg

Процес на изработка

Процесот започна во август 2025 година со детална анализа на предоперативните и постоперативните снимки на пациентот.

Врз основа на тоа, тимот на 3DLoom пристапи кон дизајнирање на имплантот кој требаше да ја реплицира оригиналната форма и пропорции на носот на пациентот, земајќи предвид дека секој нос е уникатен.

За материјал беше избран полиметилметакрилат (коскен цемент) — материјалсо докажана биокомпатибилност кој со децении се користи во медицината.

Бидејќи материјалот не може директно да се употреби во 3Д принтер, решението беше изработка на прецизни 3Д-печатени калапи во кои материјалот беше истуран и стврднат, добивајќи ја посакуваната комплексна геометрија на носот, вклучително и структурата на септумот.

По повеќе итерации и прилагодувања, во јануари 2026 година беше изработенконечниот имплант, подготвен за хируршка употреба.

prvpat-vo-makedonija-ispechaten-3d-implant-za-nos-pacientot-go-zagubil-nosot-od-maligna-bolest-05.jpg

Хируршки интервенции и резултати

На 9 февруари 2026 година беше изведена првата операција. Проф. д-рПејкова изработи forehead flap — земајќи дел од кожата на челото на пациентот.

По четири недели, кога флапот воспостави сопствено крвоснабдување, на 9 март 2026 година беше изведена втората интервенција при која беше отсечена кожната петелка поврзана со челото.

Резултатите се одлични, а пациентот изрази големо задоволство.

prvpat-vo-makedonija-ispechaten-3d-implant-za-nos-pacientot-go-zagubil-nosot-od-maligna-bolest-06.jpg

Хируршки тим

Операцијата беше изведена од тим составен од: Проф. д-р Софија Пејкова, Асс. д-р Катерина Јовановска, Асс. д-р Стефанија Азманова Младеновска, д-р Софија Тушева, д-р Анда Касапи, д-р Муамет Мемети, д-р Немања Ранковиќ, д-р Глорија Ѓоргова и д-р Стефан Арсенков.

prvpat-vo-makedonija-ispechaten-3d-implant-za-nos-pacientot-go-zagubil-nosot-od-maligna-bolest-04.jpg

Значење на достигнувањето

Овој случај е доказ дека напредната технологија за 3Д печатење, во комбинација со врвна медицинска експертиза, може значително да го подобри исходот и квалитетот на животот кај пациентите.

3DLoom изразува длабока благодарност до проф. д-р Пејкова и нејзиниот тим за укажаната доверба и за можноста да придонесат во овој пионерски проект.

prvpat-vo-makedonija-ispechaten-3d-implant-za-nos-pacientot-go-zagubil-nosot-od-maligna-bolest-07.jpg

За 3DLoom

3DLoom е компанија специјализирана за напредни решенија во областа на 3Д печатењето, со фокус на медицински апликации.

Преку иновативен пристап и блиска соработка со медицински специјалисти, компанијата развива персонализирани решенија кои го подобруваат квалитетот на грижата за пациентите.

prvpat-vo-makedonija-ispechaten-3d-implant-za-nos-pacientot-go-zagubil-nosot-od-maligna-bolest-08.jpg

Би можело да ве интересира:

Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
8 промени кои можат да бидат ран знак за Паркинсонова болест (и не треба да ги игнорирате) Отежнат говор, промени во ракописот, но и промени во изразите на лицето – што др...
Знаци за деменција за кои не се зборува често (а треба да ги знаете) Покрај проблемите со помнењето, знак за деменција можат да бидат и халуцинациите...
Наш психолог за проблемите со интимниот живот: „Не ти е до се*с, едноставно не ти е до ништо - прего... „Замисли, цел ден решаваш проблеми и после очекуваш да се „опуштиш“ и да ти се п...
Како се пренесува, колку е опасен – Што треба да знаете за хантавирусот? Според сегашната процена на Светската здравствена организација, ризикот од епиде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg