Знаци за деменција за кои не се зборува често (а треба да ги знаете)

Покрај проблемите со помнењето, знак за деменција можат да бидат и халуцинациите, како и чудното однесување.

znaci-za-demencija-za-koi-ne-se-zboruva-chesto-a-treba-da-gi-znaete-01.jpg

Деменцијата не е болест, туку повеќе е како збор што опишува состојба на проблеми со сеќавањето, говорот, решавањето проблеми и другите когнитивни способности.

Односно, деменцијата е симптом што се јавува кај разни невродегенеративни заболувања, како Алцхајмерова болест.

Болестите групирани под зборот деменција се предизвикани од абнормални промени на мозокот кои се до толку напредни, што го отежнуваат секојдневното нормално функционирање.

Проблемите со сеќавањето се знак за деменција што го знаат сите, но постојат и други кои не се зборуваат често.

Знаци на деменција за кои треба д бидете свесни:

Халуцинации

Халуцинациите се нешто што го поврзуваме со шизофренија, но може да се јават и кај лица со деменција.

Обично овие халуцинации се визуелни и за личноста се премногу реални. Некогаш можат да бидат вознемирувачки, но некогаш неутрални, па дури и пријатни.

Халуцинациите можат да бидат и звучни, односно личноста да слуша звуци кои не постојат.

znaci-za-demencija-za-koi-ne-se-zboruva-chesto-a-treba-da-gi-znaete-02.JPG

Чудно и неучтиво однесување

Луѓето со деменција може да почнат да се однесуваат чудно и поразлично од претходно, притоа игнорирајќи ги социјалните норми што ги почитувале.

Ова значи дека може да почнат да бидат неучтиви и агресивни дури и кон луѓето кои им се најблиски.

Овие постапки на лице со деменција можат да бидат и болни за неговите блиски, но важно е да се запомни дека не се намерни.

Деменцијата, за жал, има влијание врз мозокот, вклучувајќи ги деловите кои се одговорни за расудувањето и однесувањето.

Заборавање зборови

Проблемите во говорот се едни од поизразените симптоми на деменција, доста често во случај на прогресивна афазија.

Како што се нарушува функцијата на мозокот, се намалуваат и јазичните способности, па на личноста може да ѝ биде тешко да се присети на одредени зборови.

Ова, секако, ја отежнува комуникацијата и може да создаде фрустрација, па и постепено изолирање.

znaci-za-demencija-za-koi-ne-se-zboruva-chesto-a-treba-da-gi-znaete-03.jpg

Проблеми со координација

Деменцијата не влијае само врз сеќавањето, туку може да ја наруши и координацијата.

Исто така, на луѓето со деменција може да им биде тешко да проценат растојание, но и да препознаат предмети, лица, места… Ова, пак, може да доведе до анксиозност и збунетост.

znaci-za-demencija-za-koi-ne-se-zboruva-chesto-a-treba-da-gi-znaete-04.JPG

Тешкотии при извршување секојдневни обврски

Обврските кои ги правиме дури и автоматски можат да станат проблематични за лица со деменција.

Може да им биде тешко да се сетат на редоследот на активните како облекување, готвење или туширање.

Поради ова, по извесен период, лицата со деменција имаат потреба од негувател, дури и за најосновни работи.

Бидејќи деменцијата е знак за невродегенеративно заболување, не треба сами да поставувате дијагнози, ниту за себе ниту за некој друг.

Ако ги забележувате знаците или се сомневате дека станува збор за деменција, секогаш треба да се консултирате со лекар.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg