Што му прави непиењето доволно вода на телото?
Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - вие во моментот кога ќе почувствувате жед, веќе најверојатно сте на ниско ниво на дехидратација.

Надирa Авал е докторка од Велика Британија која, за магазинот Metro, објаснува што ќе ви се случи ако не пиете доволно вода.
Таа вели дека иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - вие во моментот кога ќе почувствувате жед, веќе најверојатно сте на ниско ниво на дехидратација.
Поради овие причини таа советува: „Најдобро е да пиете вода во текот на целиот ден, наместо да чекате да ожедните“.
Тука настануваат и главоболките, кои се уште еден ран знак на дехидратација.

Кога телото нема доволно течности се јавува и намален проток на крв до мозокот, па главоболки и, природно, најдобар лек за тоа е малку вода.
Исто така, не е изненадување дека треба да внесувате повеќе течности ако вежбате.
Инаку, дехидратацијата може да ви ги исуши и усните и тоа повеќе отколку што може да помогне балзамот за усни.
„Како што телото се дехидрира, производството на плунка се намалува, предизвикувајќи устата да се чувствува сува или леплива.
Усните исто така може да станат суви и испукани“, вели д-р Надирa.

„Кога телото не е соодветно хидрирано и кожата може да стане помалку еластична.
Тестот за тургор (еластичност) на кожата е основен тест при кој нежно се штипе и пушта кожата на задниот дел од раката. Ако кожата не се врати брзо во својата нормална позиција и изгледа како да е ‘затегната’, тоа може да биде знак за дехидратација“.
Значи, тестот за тургор на кожа е едноставен и брз метод што докторите (или вие сами) можете да го користите за проверка дали телото ви е доволно хидрирано.
Исто така, недостигот од вода може да влијае и на нивото на енергија.
Д-р Надира вели дека заморот е чест знак на дехидратација, но често се игнорира.
Кога телото е дехидрирано, треба да работи повеќе за да изврши рутински процеси, што може да предизвика замор и недостаток на енергија. Значи, ако се чувствувате исцрпено, а не е поради недостиг на сон (или премногу активност), можеби е само поради недостаток на вода.
Кај потешките случаи на дехидратација, симптомите стануваат поинтензивни – може да се појави забрзано чукање на срцето и потешко дишење, како и збунетост или раздразливост поради недостиг на вода во мозокот.
„Во екстремни ситуации, може да дојде и до паѓање во несвест од пад на крвниот притисок“, вели д-р Надира.

„Кога ќе се појават овие симптоми, многу е важно веднаш да се третира дехидратацијата.
Во повеќето случаи, зголемен внес на течности ќе помогне кај лесна до умерена дехидратација.
Сепак, во потешки случаи или кај осетливи групи како мали деца или постари лица, може да биде потребна медицинска интервенција“.
С. С. | Црнобело | Црнобело / фото: depositphotos.com
