Сè што треба да знаете за ендометриоза - како настанува, кои се симптомите и дали го загрозува животот?

Овие тегоби може да бидат поврзани со:

  • Циклични крвавења при мокрење или дефекација
  • Замор/ исцрпеност
  • Ментални заболувања, на пример депресија
  • Зголемена појава на алергии и други автоимуни заболувања
  • Зголемена осетливост на инфекции за време на менструалниот циклус

Типичните симптоми на ендометриозата се подобруваат или повлекуваат после менопаузата, но во некои случаи можат и да останат.

Хроничната болка е резултат на прекумерна стимулација на центрите за болка во мозокот со текот на времето.

Околу 30-50% од жените со ендометриоза страдаат од инфертилитет. Ендометриозата може да предизвика блокирање на јајцеводите. Прекумерната активност на матката може да го попречи транспортот на спермата или јајце клетката.

Ендометриотичните цисти на јајниците може да ја ограничат функцијата на јајниците. Фокусите на ендометриоза во малата карлица кои немаат контакт со јајцеводите или јајниците исто така може да ја намалат плодноста.

Оперативната интервенција при која се отстрануваат фокусите на ендометриозата може до одреден степен да ја подобри плодноста.

Како се поставува дијагноза на ендометриоза при гинеколошкиот предлед?

Анамнезата за цикличните промени на телото и тегобите околу и за време на менструалниот циклус се клучни во поставување на диференцијална дијагноза - ендометриоза, а гинеколошкиот и ултразвучниот преглед ја надополнуваат клиничката евалуација во целост.

Во зависност од симптомите, дополнителните методи (компјутерска томографија, магнетна резонанца, цистоскопија и колоноскопија), може да помогнат во дијагностицирање на ендометриозата.

Единствено со оперативна интервенција - дијагностичката лапароскопија (визуализација на површината на матката, јајцеводите, јајниците и останатите внатрешни органи) и земање проба од ткивата (биопсија) за хистолошки преглед ја докажуваат ендометриозата.

se-shto-treba-da-znaete-za-endometrioza-kako-nastanuva-koi-se-simptomite-i-dali-go-zagrozuva-zhivotot-04.jpg

Кои се најчестите локации на ендометриозата?

Проширеноста на ендометријалните фокуси е различна, но најчестите форми се:

  • Површни ендометриозни лезии во дел од абдоминалната обвивка (перитонеум)
  • Циста на јајникот или на двата јајника, наречени ендометриоми (чоколадни цисти)
  • Аденомиоза (промени во мускулниот слој на матката)
  • Длабоко инфилтрирачка ендометриоза во регионот на мочниот меур, помеѓу дебелото црево и вагината или во ѕидот од цревото

Дали еднометриозата има влијание на животниот квалитет?

Ендометриозата може сериозно да го ограничи квалитетот на животот и бара поголемо социо-политичко внимание.

Резултатите на многу студии во врска со квалитет на животот на девојките/жените со ендометриоза, покажале зачестени боледувања и потешкотии во извршување на секојдневните активности.

Која е терапијата?

Концептите на мултимодална и персонализирана терапија треба да ги земат предвид различните проблеми што болеста може да ги предизвика.

Во зависност од симптомите, терапијата треба да вклучува: хормонска, хирушка, физикална, нутриционистичка терапија, терапија против болка како и психолошка поддршка.

Во случај на инфертилитет или стерилитет, потребна е консултација и преглед во центар за плодност. Доколку конзервативните методи на лекување не успеат да ги намалат тегобите може да биде индицирана и оперативна интервенција.

Терапевската лапароскопија треба да се спроведе во специјализирани институции и од искусен тим за ендометриоза поради опсежноста на операцијата во одредени случаеви.

Како може да се подобри грижата на пациентките со ендометриоза?

  • Подигнување на свеста за ендометриозата кај здравствените работници, жените, мажите, адолесцентите, наставниците и пошироките заедници.

  • Потребни се локални, национални и меѓународни информативни кампањи за едукација на јавноста и давателите на здравствени услуги во врска со менструално здравје и симптомите.

  • Обезбедувањето на примарната здравствена заштита игра улога во скринингот, идентификувањето и обезбедувањето основно управување со болката кај ендометриозата, во ситуации кога гинеколози или напредни мултидисциплинарни специјалисти се недостапни.

  • Застапување за здравствени политики кои обезбедуваат пристап до барем минимално ниво на третман и поддршка за пациентите со ендометриоза. Поставување системи за упатување што се состојат од добро поврзани центри за примарна здравствена заштита и секундарни и терцијарни центри со напредни слики, фармаколошки, хируршки, плодност и мултидисциплинарни интервенции.

  • Зајакнување на капацитетот на здравствените системи со искусен медицински кадар, подобрување на достапноста на опрема (на пр. ултразвук или магнетна резонанца) и фармацевтски препарати (на пр. нестероидни аналгетици, комбинирани орални контрацептиви и контрацептиви базирани на прогестин).

  • Повеќе истражувањата во врска со природата на болеста, ризик факторите, персонализација на третманот, како и превентивните интервенции.

  • Забрзување на заедничката глобална акција за подобрување на пристапот до репродуктивно здравствена заштита за жените на глобално ниво, вклучително и во земјите со низок и среден приход.

se-shto-treba-da-znaete-za-endometrioza-kako-nastanuva-koi-se-simptomite-i-dali-go-zagrozuva-zhivotot-06.jpg

Текстот е подготвен од страна на д-р Јасмина Вета Дарковски, специјалист за гинекологија и акушерство, која моментално раководи со специјалната амбуланта за премалигни заболувања на женскиот генитален систем (вулва, вагина и грлото на матката), во Мајсен, Германија.

За CRNOBELO.com д-р Јасмина Вета Дарковски ќе пишува едукативни текстови на разни теми поврзани со женското здравје. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...

Најчитани неделава