Сè што треба да знаете за ендометриоза - како настанува, кои се симптомите и дали го загрозува животот?

Ендометриозата е болест каде што ткиво слично на слузницата на матката расте надвор од матката, предизвикувајќи болка и/или неплодност. Тоа е хронично заболување поврзано со силна болка која влијае на животот за време на менструацијата, сексуален однос, движења на дебелото црево и/или мокрење. - Д-р Јасмина Вета Дарковски за CRNOBELO.com детално пренесува важни информации на оваа здравствена тема. 

se-shto-treba-da-znaete-za-endometrioza-kako-nastanuva-koi-se-simptomite-i-dali-go-zagrozuva-zhivotot-01.jpg

Клучни факти:

  • Ендометриозата е болест каде што ткиво слично на слузницата на матката расте надвор од матката, предизвикувајќи болка и/или неплодност.

  • Ендометриозата се среќава кај околу 10% (190 милиони) од жените и девојчињата во репродуктивна возраст на глобално ниво.

  • Тоа е хронично заболување поврзано со силна болка која влијае на животот за време на менструацијата, сексуален однос, движења на дебелото црево и/или мокрење. Се одликува со хронична карлична болка, абдоминална надуеност, гадење, замор, а понекогаш и депресија, анксиозност и неплодност.

  • Разновидноста на симптомите на ендометриоза го отежнува нејзиното дијагностицирање од страна на здравствените работници, а и многу поединци кои страдаат од неа имаат ограничена свест за состојбата. Ова може да предизвика долго одложување помеѓу почетокот на симптомите и дијагнозата.

  • Во моментов, не постои само еден лек за ендометриоза, а третманот обично е насочен кон контролирање на симптомите. Лапароскопијата претставува дијагностичка и во одредени случаеви терапевтска интервенција.

  • Навремено дијагностицирање и ефективен третман на ендометриозата се важни, но во многу случаи се органичени поради неоптимални услови и недостаток на средства за дијагностицирање и терапирање, особено во земјите со низок и среден приход.

  • Потребни се повеќе истражувања и подигање на свеста ширум светот за да се обезбеди ефикасна превенција, рана дијагноза и подобрено управување со болеста.

Во продолжение прочитајте повеќе на темата... 

Како се дефинира ендометриозата?

Тоа е хронична, воспалителна, естроген-зависна болест која се карактеризира со раст на ткиво слично на ендометриумот надвор од матката.

Колку често се среќава еднометриозата?

Иако е една од најчестите гинеколошки заболувања кај жените во репродуктивната фаза, ендометриозата/аденомиозата (форма на ендометриоза во мускулниот слој на матката) е релативно непозната. Се проценува дека се среќава кај 10-15% од жените во текот на плодната фаза од животот.

Која е причината за ендометриоза?

Иако патогенезата на болеста е нејасна во голема мера, се смета дека најверојатно матката е примарното потекло на болеста.

Досега постојат неколку теории за настанување на ендометриозата:

Теорија на трансплантација: Според оваа теорија, ендометриозата се развива од клетките на внатрешниот слој на матката (ендометријални клетки) кои стигнуваат до абдоминалната празнина преку јајцеводите со речиси секое крварење (т.н. ретроградна менструација) - дури и кај здрави жени - каде што потоа се населуваат и растат.

Ширењето преку лимфните и крвните садови исто така е докажано и ја објаснува појавата на ендометриоза во други органи, на пример, белите дробови.

При операциите на матката исто така може да доведат до ширење на ендометријалните клетки и формирање на ендометријални плаки, на пример, кај хируршки лузни.

Според оваа теорија, ендометриозата е резултат на „трансплантација“ на ендометриум во сопственото тело на пациентот.

Теорија на метаплазија: Според оваа теорија, фокусите на ендометриозата произлегуваат од клетките кои ја обложуваат абдоминалната празнина за време на ембрионалниот развој.

Тие ја задржуваат способноста да се трансформираат од еден тип на клетка во друг (метаплазија) како резултат на посебни дразби. Кај жените со ендометриоза, под дејството на женските хормони, овие потентни клетки се менуваат во ендометријални клетки и формираат фокуси на ендометриоза во цревата или во областа на папокот.

Теорија на архиметри и повредување и поправка на ткивото: Според оваа теорија, ендометриозата е резултат на заболување на матката со нарушена функција на архиметрата или спојната зона: слузницата на матката и мускулниот слој на матката.

Како резултат на зголемена контрактилност на матката, се јавуваат микро-повреди во овој слој. Како дел од активирањето на процесите на зараснување на раните, според неодамнешните студии, има и активирање на матичните клетки.

Тие можат да влезат во мускулниот ѕид на матката или преку јајцеводите во абдоменот и потоа да се развијат во ендометријални лезии или аденомиоза. Овој концепт исто така би го објаснил фактот дека ендометријалните лезии се состојат не само од ткиво слично на мукозната мембрана, туку и од мускули слични на матката и формираат „квази мини-матки”.

se-shto-treba-da-znaete-za-endometrioza-kako-nastanuva-koi-se-simptomite-i-dali-go-zagrozuva-zhivotot-03.jpg

Кои се познати ризик фактори за настанување на ендометриозата?

Најважниот ризик фактор е менструацијата. Жените со рана прва менструација (менарха) и касна менопауза, имаат поголем ризик за развој на ендометриоза.

Истото важи и за жени со кратки интервали меѓу крварењата или долги периоди на крварење. Ризикот се намалува со секоја износена бременост до термин (полни 40 недели).

Забележано е дека жените со денешното планирање на животот и времето на посакуваната бременост околу 30-тата година, имаат многу повеќе крварења отколку во предходните децении.

Некои жени крварат дури и до 400 пати во животот. Како резултат на долгогодишна контракција на матката, се случуваат промени кои потоа може да преминат во аденомиоза и ендометриоза.

Еден од најважните ризик фактори е примарната дисменореа т.е. кога менструалниот период е исклучително болен од самиот почеток. Голем дел од сите жени кои страдаат од ендометриоза ги развиваат симптомите пред 20-годишна возраст.

Друг ризик фактор е фамилијарната предиспозиција.

Често поставувано прашање е дали ендометриозата е болест на цивилизацијата. Влијанието на таканаречените еколошки естрогени (т.н. ендокрини пореметувачи) исто така не е исклучено.

Импресивен пример е значително повисоката инциденца на ендометриоза кај жени кои биле изложени на високи концентрации на диоксин како резултат на една хемиска катастрофа во Севесо, Италија во 1976.

Како може да се препознае ендометриозата?

Поради разноликоста на клиничката слика, ендометриозата е позната како „камелеон“ меѓу гинеколошките заболувања и времетраењето до поставување на дефинитивна дијагноза може да биде до 10 години.

Најчести тегоби:

  • Болни менструални крвавења (дисменореа)
  • Хронични болки во делот на карлицата
  • Болки за време и/или по сексуален однос
  • Болки за време на гинеколошки преглед
  • Болно мокрење или дефекација

se-shto-treba-da-znaete-za-endometrioza-kako-nastanuva-koi-se-simptomite-i-dali-go-zagrozuva-zhivotot02.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Кои се симптомите на конго-кримската хеморагична треска и во кои држави, покрај Македонија, е присут... Периодов во Македонија се забележани три случаи на конго-кримска хеморагична тре...
Што е атаксија-телангиектазија, болеста со којашто се бори нашиот херој Кико? Атаксија-телангиектазија е ретка наследна болест која се карактеризира со слаба ...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg