Нанесувајте сок од кромид и уште 4 совети за поздрава коса

Желбата да се има здрава и густа коса е голема, па затоа бараме дополнителни решенија за тaков изглед и надвор од фризерските салони. Покрај тоа што честопати внимаваме што јадеме за да биде здрава, кон истите намирници може да погледнеме и од друг агол.

nanesuvanje-limon-i-kromid-i-ushte-nekolku-soveti-za-zdrava-kosa-01.jpg

Покрај тоа што не треба да ја „гориме“ косата со фен, пегла или фигаро, постојат и совети во домашни услови кои може сите да ги направиме затоа што продуктите веќе ги имаме во нашата кујна. Сите тие се на природна база, па и секако нема да ѝ пречат на нашата коса.

Неколку совети за поздрава коса:

Зелен чај

Сварете зелен чај и измасирајте го скалпот.

Во една студија, каде учесници го направиле тоа, се прикажал зголемен раст за само 4 дена.

Покрај тоа, зелениот чај е добар за косата и кога се пие.

nanesuvanje-limon-i-kromid-i-ushte-nekolku-soveti-za-zdrava-kosa-0502.jpg

Сок од кромид

Да, миризбата од кромид е незамислива врз косата, но оваа намирница добро влијае на местата каде што има алопеција.

Всушност, сокот од кромидот ја поттикнува циркулацијата.

Начинот на употреба е во тоа што треба да изблендирате кромид, да го прeцедите и сокот да го нанесете на скалпот.

Нека стои 15 минути, па измијте ја косата со шампон.

nanesuvanje-limon-i-kromid-i-ushte-nekolku-soveti-za-zdrava-kosa-0602.jpg

Маска од жолчка

Направете природна маска со тоа што ќе измешате 2-3 жолчки со 2-3 капки сок од лимон.

Нанесете ја смесата најмногу на скалпот и оставете да делува 20 минути во најлонска капа за туширање, па измијте ја косата со топла вода.

Жолчките содржат сулфур кој е една од виталните состојки за растот на косата.

nanesuvanje-limon-i-kromid-i-ushte-nekolku-soveti-za-zdrava-kosa-0402.jpg

Кокосово масло

Кокосовото масло, покрај тоа што е здраво и за готвењето и за кожата, содржи масна киселина, наречена лауринска киселина, која продира во внатрешноста на влакното на косата и го намалува губењето на нејзините протеини.

Може да се користи пред или откако ќе ја измиете косата, во зависност од типот на вашата коса.

Ако вашата коса знае да биде мрсна, тогаш нека стои нанесеното масло преку ноќ или неколку часа пред да ја измиете. Маслото, измасирајте го во скалпот и врз целата коса.

Ако вашата коса е сува, можете да ја користите истата метода со стоење од неколку часа. Според многу истражувања, кокосовото масло се смета дека спречува кршење на косата.

nanesuvanje-limon-i-kromid-i-ushte-nekolku-soveti-za-zdrava-kosa-0302.PNG

Лимон

Лимонот содржи витамин Ц кој е еден од најважните витамини потребни за нашето тело и може да ви помогне да имате здрав скалп и да го поттикнете растот на косата.

Исцедете свеж лимон и сокот нанесете го на скалпот од косата, нека отстои 15 минути и измијте ја косата со шампон.

nanesuvanje-limon-i-kromid-i-ushte-nekolku-soveti-za-zdrava-kosa-0202.PNG

М. Л. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...
Исповеди на луѓе кои слабееле со Оземпик: „Престанав кога почна да ми паѓа косата“ „Си ги вратив килограмите“, „Девојка ми ослабе 20 килограми, но продолжи да вним...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg