Ја тешел по разводот, подготвена е за брак со него – Данијела Димитровска блеска на одмор со дечкото

Додека новата сопруга на Огњен Амиџиќ, Мина, мака мачи со твитерџиите, поранешната Данијела Димитровска, блеска со дечкото и синот во Црна Гора. „Кога не се оптоварувате со другите луѓе, туку уживате во миговите поминати со нив, тогаш ќе бидете среќни“ – порача Данијела.

ja-teshel-po-razvodot-podgotvena-e-za-brak-so-nego-danijela-dimitrovska-bleska-na-odmor-so-dechkoto-01.jpg

Поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ започна нова кариера како водителка на ТВ, а даде интервју во кое зборуваше на повеќе теми поврзани со нејзиниот професионален, но и приватен живот.

ja-teshel-po-razvodot-podgotvena-e-za-brak-so-nego-danijela-dimitrovska-bleska-na-odmor-so-dechkoto-02.jpg

Таа неодамна објави фотки и видеа на кои се гледа дека ужива на плажа со синот и, иако на поголемиот број од видеата вешто се крие, може да се види дека со нив е и нејзиниот 6 години помлад дечко Јеврем Косниќ, со кого таа ја започна врската во текот на минатата година.

И додека новата сопруга на Огњен, Мина Наумовиќ мака мачи со твитерџиите кои ја обвинуваат дека му го растурила бракот, Данијела блеска на плажа во Црна Гора, а како што може да се види од објавените видеа, ужива во времето поминато со синот и дечкото.

На прашањето која е нејзината формула за среќа и за постојано да биде насмеана, Данијела накратко одговори:

„Кога сте задоволни сами со себе и кога во животот ќе си ги наредите коцките и ќе си ставите приоритети, и не се оптоварувате со другите луѓе, туку уживате во миговите поминати со нив, тогаш ќе бидете среќни“ – рече таа.

ja-teshel-po-razvodot-podgotvena-e-za-brak-so-nego-danijela-dimitrovska-bleska-na-odmor-so-dechkoto-09.jpg

Со оглед на тоа што Данијела изминатиов период изгледа навистина среќно со шест години помладиот дечко, интервјуто не можеше да помине без прашањата дали разводот ѝ ги променил ставовите кон љубовта и дали повторно би сакала да стапи во брак, на што таа одговори:

„Некои работи не се планираат, едноставно се случуваат. Никогаш не сум бегала од брак.

Кога постои љубов, тогаш бракот е логичен след.

ja-teshel-po-razvodot-podgotvena-e-za-brak-so-nego-danijela-dimitrovska-bleska-na-odmor-so-dechkoto-10.jpg

Љубовта е нешто што секогаш ме движело во животот.

Тоа е првата станица, од каде сѐ тргнува“.

Инаку, набрзо откако се дозна дека Данијела е во врска со Јеврем, српските медиуми почнаа да пишуваат за него, и се вели дека тој потекнува од богато и имотно семејство, а татко му е познат бизнисмен.

Тие двајца се запознале преку сестра му, која е иконорезец, а на почетокот Јеврем ѝ бил само пријател.

ja-teshel-po-razvodot-podgotvena-e-za-brak-so-nego-danijela-dimitrovska-bleska-na-odmor-so-dechkoto-03.jpg

Наводно, тој претходно имал долга врска со друга девојка и бил вознемирен заради раскинувањето, а Данијела сѐ уште била потресена заради разводот со Огњен. Од долгите меѓусебни разговори, произлегла љубов.

Тие двајца одлучиле да не кријат дека се заедно, откако Огњен јавно објави дека е во врска со 20 години помладата Мина Наумовиќ.

На следната страница повеќе фотки од одморот на Данијела...



Би можело да ве интересира:

„Дечкото има магија, каква емоција! Која нова песна на Јаков Јозиновиќ ме освои на прва?“ Кога го слушам него слушам емоција, слушам магија, има некој X фактор во него. М...
Мина, сопругата на Огњен Амиџиќ, откри зошто нема да се врати во „Амиџи шоу“ (и се шегува на негова ... „Се запознавме преку заеднички пријатели, кои подоцна ни станаа и кумови. Во мор...
Огњен Амиџиќ и сопругата чекаат второ дете, една година по раѓањето на синот - Мина е во 6-иот месец... Популарниот водител и сопругата го добија синот Перун во 2024-та година, а до кр...
Синот на Лепа Брена и Боба ужива на јахта со родителите – се бања со татко му, позира во Позитано со... Виктор, синот на Лепа Брена и Боба, објави фотки од семејниот одмор со родителит...
Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Огњен Амиџиќ се огласи откако му се роди третото дете: „Пресреќен сум, Мина и бебето се супер“ Сопругата на Огњен Амиџиќ денес се породи во приватна клиника, а тој стана татко...

Најчитани неделава