4-та година Шпаркасе Банка со поддршка на филмската уметноста

Во пресрет на овогодинешното 34-то издание на интернационалниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки, Шпаркасе Банка ја продолжува традицијата на поддржувач на најреномираниот филмски фестивал во Македонија.

4-ta-godina-sparkase-banka-so-poddrska-na-filmskata-umetnost

“Ни претставува чест што веќе четврта година по ред сме дел од Фестивалот Браќа Манаки. Со можноста да придонесеме кон развојот на филмската уметност преку Фестивалот, дуплираме убавини, го збогатуваме и унапредуваме. Се залагаме, сакаме и сме иницијатори на уште поголема поддршка на уметноста од страна на бизнис заедницата, бидејќи таа е од големо значење за нејзиниот развој и унапредување. Таа е амбасадор на нашите вредности‘‘ -  изјави г-дин Глигор Бишев, Претседател на УО на Шпаркасе Банка Македонија.

Во фестивалските денови Шпаркасе Банка Македонија планира и низа активности кои ќе се случуваат во Битола и низ Македонија, со посебен акцент на едукација на најмладите во доменот на филмот и магијата на седмата уметност. Со слоганот ‘‘Дуплирајте убавини‘‘, Шпаркасе ги повикува сите љубители на филмската уметност и воопшто, сите граѓани, да споделуваат вредности секогаш кога за тоа имаат можност.

Шпаркасе Банка Македонија последната година акцент стави на општествената одговорност како стратешки приоритет во корпоративното управување. Иницијативите во доменот на вложување во општествени добра веќе се видливи и вклучуваат бројни проекти, меѓу кои и оние од доменот на развојот на културата, уметноста и филмот. 

Би можело да ве интересира:

Денес се слават светите Кузман и Дамјан, заштитници на лекарите - Што не треба да правите на овој де... Светите браќа целиот свој живот го посветиле на лекување на луѓето, а не барале ...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Биди доволно голем да им служиш на другите луѓе.
Клод Пепер (1900-1989)