Зелен рај во струмичко: Цветно дворче уредено со многу труд и љубов (фото)

Во идилично уредениот двор на Силвана Панајотова, со убаво искосена трева и внимателно распоредени дрвца, има многу разновидни цвеќиња: темјанушки, петунии, џунџулиња, во разиграни бои – виолетова, жолта, црвена, портокалова, бела и розова.

zelen-raj-vo-strumichko-dvorche-uredeno-so-mnogu-trud-i-ljubov-01.jpg

Зеленило до кај што допира погледот, цвеќиња во живи бои и простор уреден со многу вкус. Вака изгледа дворот на Силвана Панајотова во струмичко.

Таа објави фотографии од внимателно уредениот простор во Фејсбук групата „Дворчето“ и предизвика вистинско воодушевување.

zelen-raj-vo-strumichko-dvorche-uredeno-so-mnogu-trud-i-ljubov-06.jpg

„Прекрасно дворче, се гледа дека е вложено многу труд и љубов“, „Фантазија“, „Мераклиски среден двор, браво“, пишуваат во коментарите.

zelen-raj-vo-strumichko-dvorche-uredeno-so-mnogu-trud-i-ljubov-02.jpg

Во идилично уредениот двор, со убаво искосена трева и внимателно распоредени дрвца, има многу разновидни цвеќиња: темјанушки, петунии, џунџулиња, во разиграни бои – виолетова, жолта, црвена, портокалова, бела и розова.

zelen-raj-vo-strumichko-dvorche-uredeno-so-mnogu-trud-i-ljubov-07.jpg

Во дворот на Силвана има и летниковец, бела дрвена ограда, но и столчиња-лежалки поставени под чадор за сонце, што го прави вистинско место за уживање.

Повеќе фотографии на следната страница:



Би можело да ве интересира:

Дворот на Мирјана во Пештани е еден од најубавите – камени ѕидови со цвеќиња, реставриран стар мебел... „Секој детаљ, секое катче е плод на макотрпна, но исплатлива работа која што јас...
Во дворот на Добрила и Наум од Охрид: Зелен рај со многу цвеќиња и фурна „Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а...
Во дворот на Сања од битолско: „Со сопругот сами правиме декорации, во зима уживаме во стакленикот“ „Љубовта кон цвеќето ми е некако наследена од мојата мајка – како мала таа многу...
Дворчето на Ружа во Ресен, каде царуваат хризантемите во сите бои (фото) Од виолетови до бели, хризантемите го претворија дворот на Ружа Димиџиевска од Р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg