Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во урбана џунгла
Како се одгледува Монстера?
Монстерата сака светло, но не и да биде директно изложена на сончева светлина која може да ги изгори листовите.
Најмногу ѝ годи положба каде ја фаќа светлина, но не цело време, пример покрај прозор со завеса која ги филтрира сончевите зраци.

Не бара многу и често вода, односно се наводнува кога горниот слој на земјата ќе се исуши, на околу 7-10 дена отприлика.
Ако претерате со наводнување може да изгние коренот.

Сепак, со оглед на тоа што е тропска билка, сака влажност, па повремено може да ги прскате листовите со вода од шише со распрскувач.
Ова е пожелно посебно во зима, кога станува многу топло во домовите, а идеална температура за опстанок е 18-27°С.

Во текот на пролетта и летото потребно е да се прихранува со природно ѓубриво за зелени растенија, на секои две до три недели, а во зима многу ретко.
Младите растенија се пресадуваат секоја година бидејќи брзо растат, а на постарите, доволно е само да им се промени површинскиот слој на земја.

Исто така, бидејќи многу брзо расте и напредува, важно е да обезбедите потпора за која ќе ги „прицврстите“ гранките за да има правилен раст и да истрае.

М. М. | Црнобело
