Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во урбана џунгла
Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи среќа и богатство. Се чува на индиректна светлина, се наводнува на 7-10 дена, а ќе ви го претвори домот во урбана џунгла.

Монстерата е едно од најубавите, впечатливи растенија, кои го претвораат домот во урбана џунгла, а притоа делува како природен филтер на воздухот.
Не може да не помине незабележана и остава посебен стилски впечаток во ентериерот.
Освен што домот ќе ви дише и ќе биде претворен во зелена оаза, се верува дека ова растение симболизира нешто повеќе.

Според Фенг шуи, Монстерата, која брзо расте во височина, го проширува својот опсег, што значи проширување на добри можности и развој.
Се верува дека на оние кои го чуваат во домот, ова растение ќе им донесе пари, добра среќа и позитивна енергија, како и личен раст.
За да го достигне овој ефект, најдобро е да се постави блиску до влезот за да привлече богатство, во најјужниот агол од домот за да донесе богатство, или во домашна канцеларија за личен и кариерен раст.

Монстера (Monstera deliciosa) потекнува од тропските шуми на Мексико и Панама, а расте и на Хаваите, Сејшели и неколку други острови.,
Името го добила од француски ботаничар во 1700-тите години, веројатно заради впечатливите листови кои делуваат монструозно големи.

