Викенд акција - садење цвеќе: Тераса во Тафталиџе доби нов изглед (фото)

Девојка од Скопје ги засука ракавите и направи преобразба на својата тераса на 9-ти кат во зграда во Тафталиџе со помош на цвеќе.

vikend-akcija-sadenje-cvekje-terasa-vo-taftalidje-dobi-nov-izgled-foto-01.jpg

Една девојка од Скопје го искористи овој сончев карантински викенд за да направи преобразба на својата тераса со помош на цвеќе.

Нејзината викенд акција ѝ даде нов изглед на терасата на 9-тиот кат во една зграда во Тафталиџе. Старото исушено цвеќе од изминатата зима го замени со ново.

Порачка на цвеќе, копање, садење и имате совршен рецепт за среќа, дури иако сте затворени дома овој пролетен викенд.

Кога вие не можете во природа, донесете си ја природата кај вас.

Утринското кафе на оваа тераса во скопската населба Тафталиџе сега дефинитивно ќе има поубав вкус.

Фотографии пред и потоа, како и од процесот на садење:

С. С. | Црнобело / Фото: Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во дворот на Добрила и Наум од Охрид: Зелен рај со многу цвеќиња и фурна „Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а...
Дворчето на Ружа во Ресен, каде царуваат хризантемите во сите бои (фото) Од виолетови до бели, хризантемите го претворија дворот на Ружа Димиџиевска од Р...

Најчитани неделава