На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови и два клавира (фото)
Исто така, многу ми се допаѓаат детали во црна боја, па затоа ставивме такво огледало, клуб маса итн.

Омилен детаљ ми е огледалото, едноставно му дава друга димензија на просторот, и задолжително е да го има и во дневната соба и во ходникот.

И уште еден важен детаљ кој му дава живост на просторот се цвеќињата.

Секогаш сакам да имам свежо цвеќе во вазна.


Кога сме кај деталите, мора да споменам дека за мене е многу важен и приборот за јадење, со кој се сервира храната, внимателно избраните салфети, музиката која се слуша во позадина.

Домот е нашата основа, за мене домот претставува мир и извор на енергија, затоа е важно каде и да погледнам да нема нешто што ќе ми боде очи и не резонира со мојот внатрешен мир.

