На гости кај водителката Александра П. Илиевска: Стан во Скопје со принт од Михаил Корубин и фокус на семејната топлина (фото)
За стил и вкус е неблагодарно да се дискутира и секој треба да го направи и одбере тоа што може да си го дозволи и, секако, тоа што му се допаѓа.

Од оваа дистанца би вложиле можеби помалку пари во одредени парчиња мебел бидејќи по доаѓањето на нашата ќерка, денес тие имаат нејзин уметнички печат.

Многу пријатели нè советуваат дека домот има неколку фази, пред деца, по деца и во зрели години кога имате и најголема финансиска независност и кога истото го градите само за ваш мерак.

Ние сме во онаа втора фаза кога шанкот е главно катче за бркање и криенка. Но, секако секоја фаза е прекрасна и треба да се ужива.

Домот ќе го менувате, ќе го ширите или може и низ животот ќе се преселите на нова локација или целосно ќе заминете во нов град и држава, но најбитно е љубовта и семејството кое го градите и создавате.

Може да го имате најлуксузниот и најубавиот дом, а истиот да е празен доколку луѓето што ги сакате не се дел од истиот.
Градете врски, пријатели и создадете семејство кое во домот ја носи најголемата радост.

Моето семејство е три члена, но заедно ги славиме сите убави моменти и му се радуваме на животот секој ден во нашиот дом“.









©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело