Во домот на Павлина: Куќа во Битола уредена со ретро предмети и гоблен извезен од нејзината мајка
Тука е и лустерот кој успешно го реставрира Александар а беше на моите родители.
Тоа можеби за некој се обични работи и би рекле дека сега има помодерни и пософистицирани, но јас ќе речам дека баш староста и дизајнот им ја дава таа автентичност што можеби не би ја имале ако баш се работеше за некое ново парче.

Тука е и украсниот кристал кој е редок квалитет каков не се наоѓа сега, а го има на повеќе места во мојот дом.
Баш поради тоа сакам и да нарачувам онлајн од страници кои нудат такви старински предмети.

Кога би ме прашале кој ми е омилениот дел од мојата куќа, не би можела да ви одговорам во еднина.
Прво тоа е мојата кујна, каде поминувам поголем дел од денот, бидејќи обожавам да готвам.


Второ би била мојата тераса или балконско катче, каде во мир и тишина сакам да си го пијам своето утринско кафе.

И трето, би била мојата реставрирана фотелја и масичка каде сакам да седам и читам книги“.

Повеќе фотографии:












©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
M. M. | Црнобело
