Училиште во скопски Карпош има кул уредено дворче – заедно прават украси од стари предмети, уживаат во катчиња за учење
Голема почит и огромна благодарност до донаторите и родителите кои помогнаа, до директорката која ни ја поддржа идејата и ги обезбеди сите материјали и најмногу до нашите феноменални ученици кои работеа рамо до рамо со нас!

Лекцијата е научена: Кога има желба, љубов и заедничка цел, поместуваме граници!
Не ни требаат совршени услови за да направиме промена. Потребни се само луѓе кои веруваат дека секое дете заслужува поубаво и потопло место за растење.
Ние веруваме дека кога децата ќе си заминат од нашето училиште ќе ги паметат најмногу овие мигови.

Така беше и пред неколку години кога за првпат ја почнавме оваа приказна и ја создадовме првата отворена еко училница т.н „Фонтана“ и ги инспириравме сите училишта во Карпош да ја пресликаат нашата идеја на што сме особено горди.

Во нашето „Лазо“ има посебна енергија, си имаме свој филм и наш сопствен препознатлив лајфстај, сакаме и можеме, за децата, за нас!!! Наше училиште – наша гордост!“

Повеќе фотки од уредувањето:












©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело