На гости кај Латифа на баклава: Стан во скопски Сарај од 111m², со впечатливи бои и детали со текстура
Спалната соба е вистинска оаза на мирот со нежни, пастелни тонови и „паметни“ вградени плакари околу креветот со кадифено заглавја, додека детската соба е приспособена за игра и фантазија со кревет на спрат и модерни дрвени ламели.


Станот располага и со две големи тераси кои нудат прекрасен простор за воздух и одмор со поглед кон Матка и Водно, која воедно ни е омиленото место за релаксација и прво утринско кафе во топлите денови.

Домот за мене не е само место за живеење, туку простор каде што секој предмет има свое ’зошто‘ и каде што заедно со сопругот и нашите три ќерки ги сонуваме и создаваме најубавите семејни спомени и традиции“.

Уште неколку фотки од домот на Латифа:






©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Ако и вие сакате вашиот дом да биде дел од нашата рубрика „Во домот на...“, испратете ни мејл со фотографии и краток опис на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. - доколку уредничкиот тим одлучи дека е соодветно за објава, ќе бидете контактирани.
М. М. | Црнобело