На гости кај пејачот Александар Јосифовски: Куќа во Охрид со пијано, камин од цигли и аристократски детали (фото)
Голем дел од изборот на детали беа на мојата сопруга Теодора, а и мојата мајка беше вклучена, па патувавме низ разни градови низ Македонија.

Пример три дена баравме само лустери, додека не стигнавме до главниот што ќе ни се допадне.
Не е сè од едно место, а доста работи порачавме и од странство – како лајсни со резби изработени рачно, кои потоа се монтираат. Потоа, фарбањето на сите работи и слично сето тоа заеднички го правевме.

Сега имам нарачано и статуи со висина од човек, неколку ангелчиња и жени, кои треба да пристигнат наредниот месец.

Куќата има 3 ката, а овој вториот кат има камин и тој некако е централното место таму. Каминот некако стилски одговара на тоа едно старо аристократско време. Сè околу каминот има некој посебен шарм, изграден е со цигли.

И секако има доста финеси кои допрва треба да се довршат. Сакам да се додадат и некои артефакти. Планирам на аукција да купам предмети кои ќе сведочат на некои постари времиња.

Како омилен дел од домот, дефинтивно можам да го посочам моето студио.“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело