Диета на познатиот доктор Мајкл Мозли со која ќе ослабете 3 килограми за една недела

Доктор Мајкл Мозли верува дека ја пронашол диетата што ќе им помогне на сите. Диетата е наречена Fast 800 и додека ја држите, треба да консумирате 800 калории дневно.

dieta-na-poznatiot-doktor-majk-mozli-so-koja-kje-oslabite-tri-kilogrami-za-edna-nedela-01.jpg

Диетата е комбинација од постење и медитеранска исхрана, но Мозли препорачува да вклучите и физичка активност.

Нешто повеќе за диетата

Оваа диета најмногу се фокусира на броењето калории. Според Мозли, 800 е магичниот број што ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми.

Оние што ја држат диетата, треба да консумираат 800 калории дневно, во период од најмалку две недели.

Добро е што можете да ја приспособите диетата според вашите потреби и да мислите само на бројот на калории.

Дали оваа диета ќе ви помогне?

Храната богата со шеќер и јаглехидрати го зголемува ризикот од дијабетес и дебелина. Покрај тоа, овие намирници го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Набрзо откако ќе ги консумирате, нивото на шеќер нагло се намалува, па вие се чувствувате гладно и најверојатно ќе изедете повеќе.

Диетата на доктор Мозли препорачува да се фокусирате на храна со малку јаглехидрати и малку масти, а поради ограничениот број на калории, сигурно ќе се ослбодите од вишокот килограми.

Временско ограничување

Оние кои ја држат диетата ќе треба и да постат. Односно, да не јадат 12 часа во денот. Ова значи дека ако вечерате во 19 часот, следното утро не треба да појадувате пред 7 часот.

dieta-na-poznatiot-doktor-majk-mozli-so-koja-kje-oslabite-tri-kilogrami-za-edna-nedela-02.jpg

Каква храна да консумирате?

Доктор Мозли дал и неколку препораки за тоа што е најдобро да консумирате додека ја држите диетата.

Течности

Знаевте ли дека повеќето од нас постојано се дехидрирани? Факт е дека речиси сите пиеме премалку вода, а ова не поминува без последици.

Доктор Мозли препорачува да го зголемете внесот на течности во текот на денот. На овој начин ќе се чувствувате и посити.

Масти

Веројатно постојано слушате дека треба да ги избегнувате мастите, но постојат и здрави масти кои се добри за вашиот организам.

Овие масти го потиснуваат апетитот, а можете да ги најдете во маслиново масло, јаткасти плодови, риба и некои млечни производи.

dieta-na-poznatiot-doktor-majk-mozli-so-koja-kje-oslabite-tri-kilogrami-za-edna-nedela-03.jpg

Хранливи влакна

Кога внесувате доволно хранливи влакна, вашите црева ќе работат многу поефикасно. Покрај тоа, хранливите влакна имаат и позитивно влијание врз расположението. Хранливите влакна можат и да го намалат вашиот апетит.

Намирници кои се богати со хранливи влакна се зеленчук, житарици и мешунки.

Дали диетата функционира?

Додека го развивал овој план за исхрана, доктор Мозли се здебелил 6 килограми, а потоа ја почнал диетата.

Откако ја започнал, признал дека во првите две недели чувствуваат поголем замор. Сепак, заморот речиси исчезнал после втората недела, а во тој период ослабел 5 килограми.

Доколку сакате да ја почнете оваа диета, најважно е да се консултирате со вашиот лекар. Бидејќи диетата е рестриктивна, најдобро е редовно да го проверувате здравјето додека ја држите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg