Како да внесете повеќе природни пробиотици во вашата исхрана?

Без разлика дали доаѓаат во течна или поцврста состојба, пробиотиците се нераскинлив дел од пирамидата на здравата исхрана, и доколку сакате да го зајакнете имунитетот, но и поради други бројни здравствени бенефити, пожелно е да вклучите неколку во вашето дневно мени.

probiotici.jpg

Етикетирани уште како „добри бактерии“, пробиотиците побрзо ја разградуваат храната во цревата, обезбедуваат енергија за телото и се одличен сојузник во борбата против инфекции.

Ова се 4 начини како да ги вметнете во вашата хранлива рутина на природен начин, без да земате додатни вештачки создадени суплементи.

Комбуха

Јапонската чајна габа е главниот „виновник“ за создавање на овој магичен напиток кој лекува многубројни болести. Списокот со позитивните влијанија на комбухата е бесконечен – од чистење на крвни садови, регенерација на клеточни мембрани, делотворна против замор, зглобен ревматизам, природен зајакнувач на мускулите, до лекување нервоза и несоница.

Комбухата исто така го забавува процесот на стареењето и ги „пегла“ брчките на лицето. Особено е добра за црниот дроб и неговото непречено функционирање, а ги омекнува, чисти и помага во исфрлање на жолчните камења.

Позитивно влијае врз намалување на телесната тежина, ја олеснува менопаузата, но и ја засилува потенцијата.

Со еден збор, овој течен пробиотик е лек за сè.

kombuha.jpeg

Кисела зелка

Скоро и не постои домаќинство кое не може да се пофали со буре кисела зелка во зимскиот период, а доколку не сте мајстор за правење на овој ефикасен пробиток, едноставно може да си ја купите, бидејќи е евтина и лесно достапна.

Препорачлива и за вегетаријанци, преку процесот на ферментација, киселата зелка крие богатство од витамин Ц и дел од спектарот на Б витаминот, односно Б3, Б6 и Б12.

Особено делотворна е течноста во која зелката се скиселува, народски позната како расолница.

Киселата зелка во комбинација со расолницата, активно го обновуваат сврзното ткиво на мускулите и ги зајакнуваат коските. Ги намалуваат отоците на телото и ги регулираат лошиот холестерол во крвта. Ќе го зајакнете имунитетот, и подобро ќе се справувате со стресот.

Поголем дел од луѓето се колнат дека не постои подобар лек за мамурлак од чаша добра расолница.

Kisela_zelka.jpeg

Мисо

Пастата која се добива од ферментирани соја зрна во комбинација со сол и габата во Јапонија позната како kōji е неизоставен дел од секоја мисо супа, еден од омилените оброци за добро утро на жителите во оваа земја.

Бидејќи изобилува со витамини и минерали, Јапонците тврдат дека мисо супата ја одржува еластичноста на кожата, ги подмладува и ги одржува витални и здрави.

Слично како и останатите пробиотици, мисото го зголемува имунитетот и се грижи за цврсти коски, а дел од истражувањата покажале дека значително го намалува ризикот од заболување од рак на дојка и воедно штити од радијација.

 miso_pasta.jpeg

Кефир

Кефирот е освежителен пробиотски пијалак кој се добива од ферментација на кравјо, овчо или козјо млеко, со помош на кефирна габа. Важно е да се напомене дека предноста секогаш треба да му ја дадете на свежиот и домашно подготвен кефир, отколку на индустрискиот, бидејќи вкусот можеби им е сличен, но квалитетот не е ниту приближно ист.

Киселкаво-освежувачкиот вкус, фактот дека не дебелее, ја подобрува циркулацијата и го чисти организмот од насобраните токсини, се само неколку од причините поради кои ќе го засакате овој млечен напиток. Содржи дури 3 пати повеќе видови на полезни микроорганизми од обичниот јогурт.

Воедно, кефирот е природен антибиотик кој ги ублажува воспаленијата во организмот, ги лечи бубрезите и е одличен сојузник во борбата против упорната кандида.

kefir.jpeg

(О) Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Суво овошје што не треба да го консумирате на празен стомак (без да го комбинирате со друга храна) Многу е важно како ќе го започнеме денот, а здравата исхрана може да и...
Калории, количина, хранливи материи - Совети за здрава исхрана на деца, според возраста Како за возрасните, и за малите деца е важно да внесуваат многу овошје и зеленчу...
За домаќини и домаќинки: 8 трикови за да ги изберете најсвежите производи на пазар Дали знаете дека белиот слој на грозјето е сигурен знак дека купувате свежо и кв...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg