Храна која речиси сите ја складираат неправилно

Речиси сите се научени да ги чуваат овошјето, зеленчукот и многу други намирници во фрижидер, но дали знаете дека многу намирници не ги чувате соодветно?

hrana-koja-rechisi-site-ja-skladiraat-nepravilno-001.jpg

Со тоа што ќе ги складирате правилно може да им го продолжите рокот на траење, а со тоа што ги чувате несоодветно, го намалувате.

Како треба да чувате одредени намирници и каде да ги складирате?

Намирници кои треба да ги чувате во шкафче, подалеку од сончева светлина:

Леб – најдобро е да го чувате во специјална кутија за леб за да избегнете мувлосување и уништување, но не го оставајте во кесата во која сте го купиле.

Чоколадо – се чува на ладно и темно место, не го ставајте во фрижидер, разликата во температурата може да создаде кондензирана вода на површината.

Мед – иако нема одреден рок на траење, сепак треба да се чува соодветно , на ладно и темно место, а не во фрижидер, бидејќи се уништуваат корисните состојки.

Маслиново масло – се чува на собна температура, далеку од сончева светлина, никако во фрижидер.

Кромид и лук – иако стојат свежи долго време, најдобро е да се чуваат на суво и ладно место, пример во мала кутија во шкафче.

hrana-koja-rechisi-site-ja-skladiraat-nepravilno-02.jpg

Намирници кои може да се чуваат на полица или маса во кујна:

Цитрусно овошје – може да се чуваат на работната маса, нема потреба од фрижидер и ниски температури

Авокадо – ако уште не е зрело, нема потреба да го ставате во фрижидер и да го оддолжувате процесот, чувајте го на отворено на работна маса додека созрее

Краставици – може да се чуваат во фрижидер само неколку дена, бидејќи ниската температура прави побрзо да скапат, а ако сакате да остане свеж зеленчукот, оставете го надвор

Домати – во фрижидер побрзо го губат природниот вкус, а заради ладната температура побрзо ќе скапат – чувајте ги на собна температури

hrana-koja-rechisi-site-ja-skladiraat-nepravilno-3.jpg

Намирници кои се чуваат во фрижидер:

Јајца – треба да се чуваат во фрижидер но не на вратата заради разликите во температурата при секое отворање, што може да им го намали рокот на траење

Брашно – висока влажност и температура може да доведат до појава на мувла и

Јаткасти плодови – иако многумина ги чуваат на собна температура, оревот и бадемите по 2 недели може да се расипат, односно, да им се намали квалитетот по стоење на топло – заштитете ги од влажност, висока температура и сончева светлина

Целер – додека магдоносот може да се чува надвор, целерот треба да се чува во фрижидер, но не го затворајте во пластична фолија за да не скапе

hrana-koja-rechisi-site-ja-skladiraat-nepravilno-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Идеи како велигденски да сервирате храна на даска (за гостите да ве пофалат) Даска со крем салата во форма на зајче со други додатоци, ладни мезиња подредени...

Најчитани неделава