Суво овошје што не треба да го консумирате на празен стомак (без да го комбинирате со друга храна)

Сувото грозје е полно со хранливи материи и природни шеќери. Меѓутоа, неговото консумирање на празен стомак наутро може да доведе до ненадеен скок на нивото на шеќер во крвта. Исто така, внимавајте како ги консумирате урмите и со што ги комбинирате. 

suvo-ovoshje-shto-ne-treba-da-go-konsumirate-na-prazen-stomak-bez-da-go-kombinirate-so-druga-hrana-01.jpg

Многу е важно како ќе го започнеме денот, а здравата исхрана може да има големо влијание врз тоа како ќе се чувствуваме преку целиот ден. Постојат многу совети за тоа што треба да консумираме наутро ако сакаме да бидеме полни со енергија, но, постојат и одредени работи кои би требало да ги избегнуваме, а помеѓу нив се некои суви овошја.

Иако честопати слушаме за хранливата содржина на сувите овошки, сепак, одредени суви плодови не се погодни да ви бидат утрински оброк, барем не ако не ги јадете во комбинација со нешто.

Кои суви овошја би требало да ги избегнувате наутро ако не ги комбинирате со друга храна?

Суво грозје

Сувото грозје е полно со хранливи материи и природни шеќери. Меѓутоа, неговото консумирање на празен стомак наутро може да доведе до ненадеен скок на нивото на шеќер во крвта, па затоа, уживајте во него како дел од урамнотежена исхрана, а добро е да го комбинирате и со јаткасти плодови.

suvo-ovoshje-shto-ne-treba-da-go-konsumirate-na-prazen-stomak-bez-da-go-kombinirate-so-druga-hrana-02.jpg

Суви смокви

Сувите смокви се закуска богата со растителни влакна, која ќе ви понуди голем број витамини и минерали. Но, бидете внимателни со нив бидејќи имаат висока доза на природни шеќери, па на празен стомак може да ви предизвикаат непријатност или надуеност.

За да го избегнете ова, комбинирајте ги со протеини, полнозрнеста храна…

suvo-ovoshje-shto-ne-treba-da-go-konsumirate-na-prazen-stomak-bez-da-go-kombinirate-so-druga-hrana-03.jpg

Урми

Урмите, неверојатно слатки и вкусни, можеби не се идеални за утрата, ако не ги комбинирате со нешто друго.

Нивните природни шеќери може да доведат до брз скок на шеќерот во крвта, па за да уживате во нив без несакани ефекти, комбинирајте ги со храна богата со протеини или здрави масти.

Оваа комбинација ќе го спречи наглото покачување на шеќерот во крвта, а и ќе ви ја обезбеди потребната енергија.

suvo-ovoshje-shto-ne-treba-da-go-konsumirate-na-prazen-stomak-bez-da-go-kombinirate-so-druga-hrana-04.jpg

Суви кајсии

Сувите кајсии се полни со витамини и минерали, но нивната висока содржина на природен шеќер може да го наруши варењето, ако се консумираат претерано и на празен стомак.

За да ги направите попријатни за дигестивниот систем, комбинирајте ги со храна богата со протеини или полнозрнеста храна.

На овој начин ќе може да уживате во нивните придобивки без да го преоптоварите дигестивниот систем.

suvo-ovoshje-shto-ne-treba-da-go-konsumirate-na-prazen-stomak-bez-da-go-kombinirate-so-druga-hrana-05.jpg

Суви сливи

Сувите сливи имаат висока содржина на хранливи влакна, но може да бидат меч со две сечила. Тие содржат и природни шеќери кои, кога се консумираат сами, кај некои личности може да предизвикаат лаксативно дејство.

За да постигнете рамнотежа, консумирајте ги во умерени количини или комбинирајте ги со храна која им се спротивставува на нивните лаксативни својства.

suvo-ovoshje-shto-ne-treba-da-go-konsumirate-na-prazen-stomak-bez-da-go-kombinirate-so-druga-hrana-06.jpg

Секако, овие суви овошја не се во секој случај лоши, ако се направи добра комбинација на храна. Генерално, се предлага да се има балансиран појадок со различни групи храна, вклучувајќи протеини, јаглехидрати и здрави масти.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...

Најчитани неделава