Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer
Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како смеса за похување што треба да се пржи.

Откако се појавија на пазарот, Air Fryer уредите станаа омилениот кујнски апарат.
Практични се, може да се користат за скоро секоја храна и јадењето приготвено во нив генерално е поздраво.
Но, сепак, има некои работи кои не би требало да ги правите во Air Fryer.
Погледнете кои:
Течно тесто
Избегнувајте да готвите потечно тесто во Air Fryer, како за палачинки или смеса за похување.
Иако јадењето ќе биде поздраво, резултатот нема да биде како да сте го направиле во тава со масло.
На течното тесто му треба врело масло за да не се разлее и за да биде крцкаво.
Лиснат зеленчук
Многу е лесно да го изгорите лиснатиот зеленчук како спанаќ, а можно е и да не се зготви рамномерно.
Од друга страна, зеленчукот како брокула или тиквички може да биде многу вкусен приготвен во Air Fryer.
Месо
Ова се однесува на многу големи парчиња месо, на пример цела кокошка (ако имате поголем Air Fryer).
Иако месото можеби ќе го собере, можно е да не се зготви рамномерно и подобро е да употребите рерна.
Обично проблем е тоа што доколку корпата на уредот е преполнета, воздухот не може да циркулира.
Доколку сепак сакате да употребите Air Fryer, подобро е да го исечете месото на помали парчиња.
Зрнести плодови
Зрнестите плодови како ориз нема да се зготват соодветно во Air Fryer бидејќи треба да вријат во вода.
Можете да ги запечете во него, но секогаш ќе треба прво да ги сварите.
Тестенини
Истото важи и за тестенини биејќи и тие треба да вријат во вода.
Прво сварете ги, па ако сакате да ги запечете за да бидат крцкави, тогаш ставете ги Air Fryer.
Двопек
Иако лебот може да се запече во Air Fryer, поради струењето на топлиот воздух, парчето ќе се движи наоколу и ќе останат многу ронки во корпата.
Не дека не е изводливо, но попрактично ќе биде да направите двопек во тостер.
Пуканки
Ако пробате да направите пуканки во Air Fryer, само ќе направите хаос.
Со силното струење, воздухот ќе ги разнесува пуканките низ корпата, па нема да се загреат рамномерно.
На пуканките им треба директна и постојана топлина – како во тенџере на шпорет – а Air Fryer-от не го нуди ова, па многу пуканки нема да испукаат.
Исто така, пуканките може да се заглават во корпата и да загорат.
Затоа, најдобро правете пуканки на шпоретот или купете за во микробранова.
Спирова С. | Црнобело
